Исповед: Спијам со друг маж, но тоа не значи дека го изневерувам сопругот
Една американска блогерка веќе 4 години е во среќен брак, а последните две години има редовен секс и со уште еден маж. Веројатно ви звучи чудно и непристојно, но во прашање е нешто сосема друго.
„Од 4-те години како сум во брак со Остин, 2 години ги имам поминато во истовремено гледање и со мојот љубовник Џеј со знаење на мојот сопруг. Ништо не се крие и ништо не е чудно. Едноставно се гледам со уште еден маж со кој имам луд секс и ништо повеќе“ – така ја започнува приказната блогерката која го употребува псевдонимот Саманта Вајтман.
„Љубовникот понекогаш го гледам неколку пати месечно, а понекогаш не можам да го видам ни до 6 месеци поради обврските. Се обидувам да балансирам меѓу бракот, школувањето, трите ќерки и работата, па токму затоа не можам да поминувам онолку време со Џеј колку би сакала“ – додава таа.
И можеби веќе се прашувате како овој пар функционира нормално, а Саманта има објаснување за вас: „Секако дека ќе се запрашате зошто ја имам оваа афера, а одговорот е едноставен – ме прави подобра сопруга“.
Саманта објаснува дека нејзиниот брак со Остин е подобар благодарение на аферата од три причини: комуникација, страст и подмладување.
„Како прво, сериозната врска бара многу труд и многу комуникација. Кога првпат почнав да разговарам со Остин околу можноста за отворен брак, бевме принудени да комуницираме и да се концентрираме на слушање на другиот партнер. Секако, постоеја голем број на препреки, но сега многу подобро и поотворено си ги искажуваме и изразуваме желбите и потребите“ – објаснува Саманта како аферата ја подобрува комуникацијата во бракот.
„Јас и Остин имаме редовен секс како и сите други брачни партнери. Со Џеј никогаш не сме влегле во рутина и се надевам дека тоа нема никогаш да се случи, бидејќи тоа ми помага да ја одржувам страста и во креветот со сопругот“ – додава таа.
На тој начин таа објаснува дека сексот „на страна“ е одличен заради тоа што не ве нервираат лошите навики на другиот и љубовниците се фокусирани само на усреќување и задоволување, односно мини секс терапија која подмладува.
Психологот кој го посетувала Саманта на почетокот го подржал нивниот модел на отворен брак, бидејќи секоја жена треба да има свој „вентил“ за ослободување од стресот и додека за некои тоа е летниот одмор или вежбањето во теретана, нејзе сексот со Џеј ја ослободува од стресот.
„Целосно сум уверена дека благодарение на мојот однос со Џеј, јас сум подобра сопруга за Остин“ – заклучува Саманта.