Фантазијата ја буди страста
Истражувањето на човековото сексуално однесување покажуваат дека фантазијата е многу важна за успешен сексуален живот. Имено, се покажа дека...
...сексуалното фантазирање е директно поврзано со високото либидо кое се изразува низ зголемената сексуална желба и зачестените оргазми. Сепак женската фантазија се разликува од машката.
Мажите многу често фантазираат за секс со различни партнерки, кои дури можат да се променат и во текот на една фантазија, додека жените преферираат една личност во своите сексуални фантазии.
Припадниците на посилниот пол се фокусираат на самата активност и деловите на телото, што ги наведе истражувачите да заклучат дека машката сексуална фантазија се состои од „сексуално делување и делови“.
Секој втор маж фантазира за секс со жена која не му е партнерка, покажало истражувањето на едно познато списание за мажи.
Дури во 47% од машките фантазии се појавува колешка од работа, додека секој 5-ти маж фантазира за секс со медицинска сестра.
Иако женските фантазии се подеднакво живописни како и машките, сепак жените ретко ги замислуваат гениталиите на мажот.
Женската фантазија е првенствено насочена кон допирите, чувствата, реакциите на партнерот, како и на сопствените емотивни и физички реакции. Жените најчесто фантазираат за нешто ново и авантуристичко, како што е впуштањето во забранета врска или секс на јавно место.
Машката фантазија најлесно се стимулира со сценарио кое потсетува на филм за возрасни, експлицитни сцени без многу дијалог и заведување, додека жените се склони кон поблаги еротски слики.
Жените почесто фантазираат за партнери со кои биле или моментално се во врска или пак за познати личности, додека мажите во тие моменти им се посветуваат на привлечните сосетки.
Фетишите не се нешто што ја потикнува женската фантазија. Можете слободно да заборавите на обожавањето на чевли или стапала во сексуален контекст. Жените сметаат дека спалната соба не е место за тоа, но врзувањето и малку грубата љубов можат лесно да го згреат женското срце.
Во женската сексуална фантазија најчесто се појавува некоја позната личност, која е недостапна. Но, според некои американски и британски истражувања, жените фантазираат и за водоинсталатерот, разнесувачот на млеко или поштарот. Многу ретки се воајерските, садомазохистичките и хомосексуалните фантазии.
Еротската фантазија може да послужи за различни цели. Таа може да предизвика сексуална желба, да ја одржи возбудата или да доведе до оргазам.