Се менувате заради партнерот?
Секогаш бараме сличности. Бараме заеднички точки, да имаме за што да разговараме и да поминуваме што е можно повеќе време заедно. Овие точки се подлога...
...за долготрајна врска.
Проблемот е во тоа што најчесто едниот партнер дава премногу и ги занемарува своите активности и желби, а понекогаш и пријателите.
Од една страна тоа е добро за врската, но не е добро за таа личност. До која граница ќе одите, зависи од вас.
Не секое менување и прилагодување на партнерот е лошо. На некои луѓе тоа им помага да ги прошират видиците, да живеат подобро и да се развиваат себе си.
Не е добро кога односот е едностран, кога само едниот партнер се жртвува и труди за да ја одржи врската и да се прилагоди на желбите и потребите на другиот партнер.
Сепак ние немаме способност да се менуваме од “црно во бело“ или обратно, можеме само да растеме и да се оформуваме како личности.
Совет:
Секогаш менувајте се заради себе. Доколку партнерот ве моли да бидете со него, а не со пријателите, прашајте се себе си каде ви е попријатно и каде сакате да бидете.
Тешко е да се најде партнер кои ќе ги дели вашите желби со вас, партнер кој ќе ве подржува во она што го сакате и правите, па затоа ако го најдете обидете се да го задржите и да ве сака онакви какви што сте.
Нормално е дека кога сте во врска некои делови од вашиот претходен живот да патат, но прашање е дали вие го правите тоа доброволно. Ако чувствувате дека многу се менувате заради партнерот, не сте на прав пат.
За секоја работа мора да го прашате дали се согласува, дали смеете да направите нешто и дали сте направиле грешка.
Ако со партнерот не можете да постигнете компромис и рамнотежа, и секогаш е по “негово/ нејзино“ тогаш веројатно се плашите да бидете сами и се согласувате на се само за да го одржите односот.
Постои една споредба со животните.
Најголем дел од луѓето дома имаат куче, затоа што тие секогаш се околу нас, чекаат бисквитче и ќе направат се за да добијат внимание.
Мачките пак се друга приказна. Теи имаат свој живот во кој ве вклопуваат и ако не им одговарате одат кај друг сопственик. Се мазат само кога тие сакаат и колку што сакаат. Мажите во животот најчесто не бараат две “кучиња“ туку една “мачка“.