Кога е време да ставите крај?

Многу девојки и жени, особено оние во своите 20ти или 30ти години,  дури и кога ќе потрошат долги години на градење на врска која е сосема...

 

... спротивна од онаа за која сонувале како девојчиња, никако да се осмелат да свртат нова страница во животот, и да ја позиционираат оваа љубов таму каде и припаѓа – во минатото.

Повеќето од нашите размислувања за таквата врска, и покрај тоа што сме потполно свесни дека сме несреќни, почнува и завршува со една од овие две мисли - мисла а) или мисла б):

Мисла а): И кај да барам сега нова љубов?
Мисла б): Нема шанси повторно да ги прележувам повторно оние „детски болести“, за на крај повторно да го добијам ова што го имам денес.

Стручниот совет, повторно се однесува на нешто што вие длабоко во себе дообро го знаете – не останувајте во врска во која не сте среќни! И не, дури ни бројните години поминати заедно не се никакво оправдување за толерирањето на ваквото мачење.

А доколку постојат макар и  некакви сомнежи дека вашиот партнер не е толку лош, т.е. дека вашата врска има и некои свои предности (настрана тоа дека не готвите само за еден), ставете се` на хартија, и добро проценете ја врската – кои се корисните, а кои штетните работи што произлегуваат од неа? koga-e-vreme-da-stavite-kraj1

За да ви ја олесниме работата, ќе ви укажеме на неколку причини поради кои можете ја почнете постапката за наоѓање на решение. Имено, психологот Кирстен Мичиген, во својата долгогодишна пракса воочила постоење на  пет типични симптоми кои покажуваат дека врската е целосно бесмислена.

1. Ви ја уништува самодовербата
Доколку вашиот партнер е причината поради која вие се чувствувате хронично лошо, време е да го оставите. Да, нормално, многу е полесно да се каже отколку да се направи, а сепак – ова е единственото решение.

И самиот факт што вие мислите дека не би можеле да продолжите без него, а неговото присуство баш и не ви годи, укажува на тоа дека вашата самодоверба е во многу лоша состојба, и за тоа, најверојатно, можете да го обвините токму него.

Зачестените коментари во однос на вашата тежина, фризура или околу тоа како нешто сте направиле, на прв поглед можеби и не звучат толку фатално навредливо, но, зачестеното вербално малтретирање е еднакво на физичкото.

Од долгогодишните истражувања на оваа тема, може да се извлече дека жените се подготвени да трпат тешки навреди, сметајќи го притоа навредувањето како многу помало зло од физичкото насилство. Е тука научниците не се согласуваат, дотолку повеќе што за нив неубавите зборови се еднакви со шамар.

2. Сака да ве промени
Често се случува вашиот партнер да сака да ве промени, па многу брзо по започнувањето на вашата врска, сите оние работи кои на почетокот му биле симпатични, почнуваат да му пречат. Ова најчесто почнува со наивни забелешки за начинот на кој се смеете или кому се смеете, а завршува со многу посериозни работи.

Запомнете дека доколку тој не е среќен со вас онакви какви што сте, тоа е очигледен знак дека тој не е вистинскиот. Потрудете се да најдете некој кој ќе ги сака сите ваши доблести и мани, и кој со своето присуство дури и ќе им даде дополнителен сјај.

3. Никогаш не исполнува ветувања

О, па тој веќе сто милијарди пати ви ветил разни работи, а (се уште) нема исполнето ниту една. Дури и кога сте притискале да го одржи ветувањето, па дури и можеби сте го замолувале на неколку (илјади) наврати, тој упорно ги игнорира вашите барања. Ситуацијата е сосема јасна.

Тој едноставно не се грижи доволно за вас, за да го одржи своето ветување. Вие можеби верувате дека тој кога-тогаш ќе се промени, но, во ваква ситуација – едноставно заборавете на тоа.

4. Не се јавува кога го барате
Колку пати ви се случило ова: вашиот партнер ви е итно потребен и вие пробувате да го добиете, или едноставно сте се сетиле на него и сте му пратиле СМС за да му кажете дека ви недостига, а тој не одговара со часови, или пак со денови?  И најчесто се правда дека баш тогаш, едноставно, немал време.

Јасно ви е дека лаже, зашто и вие работите и се наоѓате во хаос, па ете, сте нашле време за него. За овој тип „современи момци“ се врзува уште една сигурна ситница – тој никогаш нема да биде со вас дури ни тогаш кога најмногу ќе ви биде потребен.

Ви раскинува при секоја расправија
Дали вашите расправии завршуваат на начин што тој ви се заканува со раскинување на врската, па вие заборавате на се` и го молите да не ве остави?

Ваквите „фраери“  „раскинуваат“ и при најмалата ситница, па ако забележите нешто такво кај вашиот партнер, слободно скратете му ги маките, и оставете го.

Станува збор за маж кој не знае да се соочи со проблемите, а со тоа – ниту како да ги реши. Доколку тој не е способен да разговара за да ја спаси вашата љубов, повеќе од очигледно е дека не го разбира ниту терминот „обврска“, и дека никогаш и нема да го научи неговото значење.

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: „Дали ставањето 'лајк' на фотки од други жени на Инстаграм е неверство?“ „Веќе две години сум со моето момче и замислувам да се венчаме и заедно да основ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Совети за парови со деца: Како да најдете време (и енергија) за секс? (18+) Кога имате бројни обврски околу децата и домот и кога немате многу време за себе...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...
Чекајте барем 6 недели, користете лубриканти – Што треба да знаете за интимните односи по породување... Штотуку сте донеле на свет нов живот, па нормално е да чувствувате промени, како...
Непотребни грижи за сексот што ги имаат скоро сите, според експерт (18+) Нормално е и мажите да имаат намалено либидо, а жените не треба да бидат опседна...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg