Како да се справите со неуредниот маж?
Вие сте прилично уредни и постојано се грижите за чистотата на домот, а вашиот партнер е сосема спротивен. Веројатно тоа прилично ве нервира и е причина за расправии кои не постигнуваат ништо.
Како да се справите со неуредниот маж?
1. Дефинирајте ги поимите неуреден и валкан
Поимот валкан имплицира дека во вашиот дом постои сериозен неред кој е составен од фрлени остатоци од храна, насобрани влакна во тоалетот, неизмиени и закоравени садови и слично.
Станува збор за неред кој навистина може да му наштети на вашиот дом како резултат на појавата на голем број на бактерии и инсекти.
Неуредниот дом подразбира само работи кои не се на своето место. Како расфрлана облека.
Луѓето кои сакаат ред и чистота често дури и овие работи ги сфаќаат како валкан дом, но во суштина двете работи се сосема различни.
Токму затоа најдобро е заеднички да одредите дали вашиот дом е валкан или неуреден.
2. Почитувајте го неговиот личен простор
Заедничките простории секако дека треба заеднички да ги одржувате чисти, но кога станува збор за оние простори од домот кои се лични веќе работите се сосема поинакви.
Секој од нас има потреба за личен простор во кој ќе може да ја одрази својата личност. Така е и со мажот.
Оставете ја онаа просторија од домот која е негова лична, онаква каква што тој посакува да биде и не го критикувајте за нејзиниот изглед.
3. Отворено разговарајте
Ако само ја игнорирате неговата уредност нема ништо да постигнете. Тој и натаму ќе продолжи со своите навики, а вие ќе се нервирате.
Токму затоа, најдобро е искрено да му ги наведете сите работи кои ви пречат. Објаснете му дека местото на чорапите е во кантата за перење на алишта.
Ако и покрај тоа тој не го промени своето однесување започнете со лепење на натписи на сите оние места каде го прави нередот.
4. Направете распоред на чистење
Чистењето е заедничка обврска и активност. Токму затоа, најдобро е однапред да направите заеднички распоред на средување на домот и да нема забуни.
Секој од вас може сам да одбере што од домот сака да чисти и кои активности да ги извршува.
5. Приговарајте умерено
Со секојдневно зборување и критикување не постигнувате ништо. Не е лесно да се живее со неуредна личност, но подеднакво не е лесно да се живее и со личност која постојано критикува и вика.
Секогаш имајте на ум дека онака како што вам чистотата ви дава мир, така вашиот партнер само во неред се релаксира и може да живее.