5 знаци дека таа лажира оргазам
Жените често пати лажираат и глумат оргазам од различни причини, a најчесто е заради „билдање“ на егото на партнерот.
Но, како што никогаш не е паметно и здраво да живеете во заблуда, така и во овој случај вреди да ги препознаете знаците за лажен оргазам.
1. Постигнува оргазам подеднакво брзо како и вие
На жените едноставно им треба повеќе време, поточно 20тина минути. Клучот е во трпеливоста, па ако не ја покажете, не очекувајте дека партнерката ќе го достигне врвот. ако тоа се случи за помалку од 10 минути, треба да се загрижите.
2. Оргазмот доаѓа од никаде
Ако вашата девојка едвај се возбуди, а оргазмот се појави туку-така, имате право да ја подигнете веѓата. Мала е веројатноста за толку спонтан оргазам.
3. Не чувствувате грчење на нејзиното тело
Кога жената доживува оргазам, не може да контролира како се грчат нејзините мускули. Ако не почувствувате било какво затегање, тогаш не доживеала оргазам.
4. Прегласна е
Повишувањето на гласот е сосема нормална појава при возбуда, но ако буквално добива напад на вриштење, имате работа со опасна актерка.
5. Не мастурбира
Ако не знаете дали мастурбира, можете да ја прашате. Жените обично низ овој чекор откриваат што им се допаѓа а што не, па ако девојката ви вели дека не мастурбира или ве лаже за овој факт или за фактот дека редовно доживува оргазми.