5 совети за среќен брак кои ги откриваат разведените луѓе
Од неодамна Buzzfeed објави две минутно видео во кое луѓе кои веќе се разведени ги опишуваат своите лични искуства и што тие научиле од своите пропаднати брачни заедници.
Еве што откриваат:
1. Сакајте се себеси
Неколку луѓе во видеото го кажуваат токму ова правило, што го прави доста значајно за успешноста на една брачна заедница и претставува совет кој ќе го сретнете во многу филозофски учења и мудрости.
Ако не знаете и не умеете да се сакате себеси, нема да знаете ни како да сакате друга личност.
Оние кои не научиле искрено да се сакаат себеси и да се прифаќаат онакви какви што се често се зависни од партнерот и не умеат да ги развиваат своите лични ставови и хобија, па постојано вршат притисок на партнерот.
2. Внимателно комуницирајте
Кажаните зборови не може да се повлечат. Еднаш кажани тие засекогаш остануваат во главата на партнерот кој може навистина да го повредат и да предизвикаат чувства на огорченост.
Токму затоа, важно правило е да научите како взаемно да комуницирате без да создавате непријатни и непотребни чувства кои трајно може да го нарушат односот.
Добрата комуникација подразбира и отворен разговор за се и сешто, а особено за важните животни прашања.
3. Бидете пријатели
Хемијата и сексуалната привлечност се доста важни, но не смее да се заборави и пријателскиот однос.
4. Сеќавајте се на малите работи
Ситниците, долгорочно гледано, може да имаат еднаква сила како и големите и важните работи. Не е без потреба се вели дека малите нешта го прават животот.
5. Секс
Доста важен дел и големо влијание на среќата и задоволството од брачниот живот се должи на здравиот и исполнет сексуален живот на партнерите.