Ако на овие прашања одговорите со „да“, тогаш тој е Вистинскиот
Верувате дека сте во врска со совршениот маж, но сепак потајно се прашувате дали тој е Вистинскиот, оној со кој ќе стапите во брак?
Тогаш одговорете ги овие 12 прашања и сами дајте си го одговорот:
1. Дали ве поддржува во новите предизвици?
2. Дали им се допаѓа на вашите роднини и пријатели?
3. Дали блиските мислат дека има добро влијание на вас?
4. Дали е благодарен кога ќе направите нешто убаво за него?
5. Дали е подготвен да ви прости кога нешто ќе згрешите?
6. Дали покрај него имате чувство дека сте она што навистина сакате да бидете?
7. Дали се цени себеси, без да биде егоцентричен?
8. Можеби ви звучи непотребно, но дали и вие го цените него?
9. Дали обрнува само малку внимание на другите атрактивни жени?
10. Дали се чувствувате горди кога зборувате со другите за него?
11. Дали е подготвен да се врзе?
12. Дали е отворен кога треба да зборува за емоциите?
Потребни ви се 12 „да“ пред да кажете дека тој е оној за до крај на живот.