Како да раскинете кога другата личност тоа не го посакува?
Прекинот на врската никогаш не е лесен. Не само за онаа страна која сака да прекине, туку и особено за онаа страна која треба да се соочи со фактот дека повеќе не посакувана и сакана онака како што била.
Не се залажувајте дека другата страна нема да биде повредена и никогаш нема да бидете позитивецот во приказната.
Во случај партнерот да одбива да ја прифати вашата одлука потребно е да внимавате на неколку работи:
1. Не попуштајте на уцени
Овој совет е еднаков на оној „не преговарајте со непријателите“ бидејќи уценувачот на еден начин е непријател. Да не беше таков случајот немаше да се обидува да ве заплаши и да се обидува да предизвика сожалување.
Стабилните личности го немаат ова однесување, па дури и оние кои премногу ве сакаат бидејќи не би сакале да ве повредат и да ве натераат да чувствувате вина.
2. Не верувајте на ветувањата
Соочена со можноста да ве изгуби, оваа личност ќе ви ветува многу работи и дека „од сега па натаму се ќе биде поинаку“.
Станува збор само за празни зборови кои никогаш нема да се случат бидејќи, искажани се во афект и страв.
3. Давањето на втора шанса само ќе го засили верувањето дека треба да прекинете
Во случај да се одлучите за втора шанса, на почетокот се ќе биде идеално и ќе ви се чини дека партнерот навистина се држи до она што го ветил, а тоа иќе го прави на почетокот.
Но, почетокот не трае долго и многу бргу ќе сфатите дека можеби е и сериозна личноста во она што го ветила, но едноставно не е способна. За успех на врската потребни се промени и кај двајцата партнери.
Ако врската веќе стигнала до оваа точка, втората шанса само ќе го зацврсти верувањето дека не сте еден за друг.
4. Јасно дефинирајте ги причините
Не давајте нејасни објаснувања и не бегајте од вистинските причини кои ве навеле да посакате да ја прекинете врската.
Најверојатно имате една или две причини за кои знаете дека најмногу влијаеле на вашата одлука и потребно е да се насочите токму на тие причини без да се обидувате да ја ублажите ситуацијата.
Тоа во ниту еден случај нема да го постигнете бидејќи, нема ништо добро ниту убаво во фактот дека повеќе не го чувствувате тоа што сте го чувствувале и не се гледате себеси во таа врска.
5. Бидете искрени
Понекогаш добро е да бидете и брутални бидејќи, само на тој начин ќе успеете да ја „отрезните“ личноста која не сака да припадне во категоријата бивши/а.