Заљубеноста има рок на траење и уште неколку важни работи за бракот

Врските се прекрасна работа, но истите не опстојуваат сами по себе. Тие се како нежен цвет кој постојано треба да се негува.

zaljubenosta-ima-rok-na-traenje-i-ushte-nekolku-vazni-raboti-za-brakot-01.jpg

Во врските, а подоцна и во бракот, покрај љубовта важни се и: пријателството, разбирањето, уважувањето и меѓусебното помагање.

Страствената фаза на љубовта и врските не трае долго и секако нема да го одржи односот.

Бројни истражувања кои се бават со проучување на прашањата во врска со партнерството и машко-женскиот однос откриваат неколку важни фактори за одржување на врските и бракот.

Ова се 7-те работи кои се важни за одржување на партнерството.


1. Ако стапите во брак пред 23 години, поголеми се шансите дека ќе се разведете

Истражување спроведено во 2014-тата година од Универзитетот во Пенсилванија открива дека стапката на развод кај паровите кои стапиле во брак со 18 години се зголемува дури за 60%, додека кај оние кои чекале до 23 години се сведува на 30%.


2. Фазата на заљубеност трае отприлика година дена

Психологот Гери Левандовски од Универзитетот во Монмаут тврди дека така наречената „меден месец“ фаза на заљубеност која се карактеризира со голема и силна страст, привлечност и меѓусебна идеализација на партнерот не трае вечно.

Таа трае отприлика година дена, а потоа повеќе не е се онака розoво како и претходно.

zaljubenosta-ima-rok-na-traenje-i-ushte-nekolku-vazni-raboti-za-brakot-1.jpg

3. Со време сфаќате дека не сте едно

Откако ќе започнете да живеете со партнерот ќе сфатите дека не сте една личност и дека имате различни приоритети и прагови на толеранција за различни работи.

Така на пример, вашиот/ата партнер/ка може да има сосема поинакво сфаќање за тоа што е неред во куќата.


4. Ако со возбуда и среќа го дочекувате успехот на партнерот, вашата врска ќе биде подобра и посилна

Многубројни истражувања покажуваат дека оние кои активно се радуваат на добрите вести и успесите кои ги доживува партнерот/ката имаат и поуспешни врски од оние кои воопшто не се заинтересирани или во најлош случај љубоморат на успехот.


5. Најсреќни парови се оние кои се воедно и пријатели

Истражување од 2014-тата година направено од страна на Националниот завод за економски истражувања, покажува дека пријателството е важна одредница за среќен и успешен брак.

zaljubenosta-ima-rok-na-traenje-i-ushte-nekolku-vazni-raboti-za-brakot-2.jpg

6. Колку се партнерите блиску во годините, толку се поголеми шансите дека нивниот брак ќе биде успешен

Неодамнешно истражување направено во Универзитетот Емори од Атланта покажува дека паровите каде разликата во години е 5 имаат 18% шанси за развод, а оние каде разликата е десет години имаат дури 39% шанси за развод.


7. Одбивност и огорченост ќе се јави кај паровите кај кои нема поделба на домашните обврски

Дури 60% од Американците се согледуваат дека поделбата на домашните обврски игра важна улога во одржувањето на здрав однос и успех на бракот и врските.

Секој партнер би требало да ги обавува оние обврски во кои е најдобар, а истите пожелно е да бидат рамномерно поделени.

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Низ илустрации: Како да ја одржите хармонијата во бракот, според адвокати за разводи? Никогаш не ги игнорирајте малите проблеми и секој ден поминувајте барем 20 минут...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg