Пазете се од вакви мажи

pazete-se-od-vakvi-mazi-povekjeЗаклучивме дека постојат одредени типови на девојки од кои треба да се чуваат мажите. Сепак, немојте да мислите дека момците се цвеќе за мирисање...

 

... и дека не постојат и мажи кои знаат да и го загрозат животот на партнерката.

Едно е најважно - препознајте ги пред да биде доцна!

pazete-se-od-vakvi-mazi-2

1. Големо бебе

Овој маж не прави ништо конструктивно, освен што си игра со своите гаџети, слуша музика, игра видео игри...

Во меѓувреме, очекува вие да водите сметка за сите негови потреби и желби. Најчесто очекува да добие жена-домаќинка и е готован во буквлана смисла.

Доколку не сте спремни да имате улога на дадилка, бегајте од него по секоја цена.

2. Човекот од Атлантида

Тој исчезнува! На празници, на вашиот роденден, во текот на викендот. Понекогаш се појавува, но и тогаш случајно. Не признава дека постои часовник и календар.

Личност на која не можете да се потпрете и дефинитвно треба да ја избришете од животот.

pazete-se-od-vakvi-mazi-33. Кавгаџија

Неговата емотивна температура е секогаш на критична точка.

Сака да се расправа, а една од најчестите реченици му е „ОК, зошто би сакал сега јас и ти да разговараме?“, со што се спрема за својот напад.

Поводот и не е толку битен. Направете си себе си услуга, оставете го и уживајте во тишината.

4. Момчето кое не е во врска

Тој инсистира дека вашата врска е без никакви обврски, па макар таа траела и пет години.

Одбива подобро да ги запознае вашите роднини или пријатели и да ви прави друштво на какво било поголемо излегување. Премногу му е забавно вака за сега тука да се обврзува и да признае дека е зрел, возрасен човек.

5. Шармерpazete-se-od-vakvi-mazi-1

Комплиментите и знаците на внимание се само замка сè до моментот кога ќе сфати дека ве освоил.

Бидејќи флертот му е вроден, немојте да се чудите ако почне да го практикува на некоја од вашите пријателки.

6. Его воин

Најсебичното суштество на планетата. Неговите приоритети се јасно дефинирани: тој, тој и само тој.

Во борбата за тој да биде потполно во центаротг на вниманието, сите му се противници, дури и пријателите, децата, па и вие.

Би можело да ве интересира:

„Му станав лична чистачка“ - Најтешките работи во бракот за кои никој не зборува „Во бракот има тешки мигови и не е дека има само пеперутки, но најголемата грешк...
8 типови на жени по кои мажите лудуваат Од љубезната девојка во соседството, до мистериозната фатална жена, овие типови ...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Српски психолог е хит на Инстаграм - објасни зошто балканските мажи не се разведуваат од сопругите Колкави се шансите мажот да се разведе од сопругата за да биде со љубовницата? „...
Непотребни грижи за сексот што ги имаат скоро сите, според експерт (18+) Нормално е и мажите да имаат намалено либидо, а жените не треба да бидат опседна...
Која секс поза под туш е најбезбедна и ќе ви донесе најголемо уживање, според сексолог? (18+) Безбедна секс поза и нелизгачка постилка во бањата... Што ви е потребно за сексо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg