12 знаци дека излегувате со личност која не сака да се врзува

Можеби ви се има случено или пак моментално ви се случува да се наоѓате во земјата на бизарните однесувања во врските и состанувањето, особено ако си имате работа со личност која ги нема сите карти поставено на масата.

12-znaci-deka-izleguvate-so-licnost-koja-ne-saka-da-se-vrzuva-01.jpg

Игри на топло-ладно, безгранична љубов кон неразузданата спонтаност и што ли уште не.

Вашата втора половина никогаш ве нема доведено дома. Нејзиното место за живеење можеби е толку удобно што е сигурна дека нема да посакате да си одите од таму, па подобро е и воопшто да не ве повикува.

Дали сте подготвени да ги издржите сите препреки кои доаѓаат со излегувањето со личност која не е подготвена за врска или пак сакате веднаш да ја прекинете?

Ова се 12 знаци што личностите кои се плашат од врзување постојано ги покажуваат:


1. Со нив тешко е да се испланира состанок

Можеби едноставно оваа личност сакате да ја повикате на лежерно гледање филм во кревет, а таа се однесува како да сте ѝ предложиле брак.

Кога сакате да имате нормален разговор за тоа што ќе правите во текот на вечерта тие се подготвени да ви го наведат секој можен изговор.


2. Ја сакаат спонтаноста

Спонтаноста понекогаш знае да биде искрена и забавна, но понекогаш знае да биде и техника за личноста да избегне врзување.

Кога се обидувате да договорите излегување и добивате одговор „сакам само нешто спонтано“, пробајте да откриете дали станува збор за искрена спонтаност или во игра се некои подлабоки фактори.

Едноставно дозволете ѝ на личноста да биде спонтана, но индиректно пробајте да откриете за каква спонтаност станува збор. Ова може да го постигнете со барање на точен датум и време на состанокот.


3. Не даваат знаци дека врската напредува

Основен знак за тоа колку оваа личност е подготвена да биде во сериозна врска е тоа колку е расположена да разговара за врската.

Сите изговори и промени во однесувањето на дури и најблагите спомнувања на врска и сериозност јасно ви кажуваат дека личноста не е подготвена да биде со вас.


4. Долго време се сингл или имаат низа кратки врски

Бидете сигурни дека оваа личност нема да биде ништо поразлична во однесувањето и со вас. Вистинското прашање е само кој побрзо ќе ја прекине врската вие или личноста?


5. Биле повредени во минатото

Бидете сигурни дека сè уште не е во фаза на преболување и зараснување на минати рани.

Оваа личност на крајот сепак ќе ја саботира врската само за да не биде одново повредена.


6. Недоверливи се

Многу често како резултат на тоа што била повредена во минатото, оваа личност смета дека единствената личност на која може да ѝ верува е на самата себеси.

Љубовта за неа подразбира влегување во некоја стара и страшна димензија бидејќи секогаш го има потенцијалот да ја повреди.

12-znaci-deka-izleguvate-so-licnost-koja-ne-saka-da-se-vrzuva-1.jpg

7. Сакаат да играат топло-ладно

Во еден миг сте најсреќни на цел свет, а во друг се запрашувате што се случува и каде погрешивте.

Ова е јасен знак дека личноста не е способна да ја замисли, а камоли да биде блиска со некого или да ја издржи болката од тоа да биде повредена.


8. Прават да не знаете на што сте

Не сака состаноци и не сака разговори за врска. Бидејќи тешко добивате јасни одговори од оваа личност, уште повеќе посакувате да си ги разрешите и разбистрите мислите во глава.

Оваа опседнатост предизвикува во вас чувство на страв и затоа подобро е да се научите да ги слушате овие чувства.

Тие се секогаш во право.


9. Имаат перфекционистички тенденции

И перфекционизмот знае да биде само уште еден начин на саботирање на врската.

Ако личноста постојано бара маани и негативни страни во работите и упорно се „фаќа“ за нив, тогаш верувајте дека порано или подоцна ќе се откажете од таа врска.


10. „Ова нема да успее“ изјави

Овие изјави одат рака до рака со перфекционистичките тенденции. Дури и една напомена на оваа изјава треба да ви биде јасен знак дека си имате работа со личност која не е подготвена за сериозна и стабилна врска.

12-znaci-deka-izleguvate-so-licnost-koja-ne-saka-da-se-vrzuva-2.jpg

11. Во врска се со личности кои се концентрираат на сопствените проблеми

Овие личности имаат тенденција да одбираат луѓе кои често се зафатени со разрешување на сопствените проблеми. На тој начин секогаш имаат добар изговор зошто врската не функционира.

Проблемите на другата личност се виновни за неуспешноста.


12. Избегнуваат запознавања со пријателите и роднините

Оваа личност никогаш нема да ја донесете дома на неделниот ручек, ниту пак во друштво на вашите најблиски пријатели.

Секако ова важи за оние ситуации кога подолг период сте заедно и сè уште личноста не сака да има никаков поблизок однос со вас и вашите најблиски.

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg