6 знаци дека вистински сте подготвени за брак
Можеби веќе сте во тие години кога општеството од вас очекува да стапите во брак или пак долги години сте во врска и се запрашувате дали тоа е вистинската личност.
И секако следното прашање, подготвен/а сум за брак?
Одговорот на прв поглед се чини како тежок, но суштината е прилично едноставна. Постојат неколку работи кои треба да ви се јасни за вас како личност и за вашата врска.
1. Се сакаш себе си.
Не ти е неопходно да сакаш друга личност за да се чувствуваш како целосна личност.
2. Во потрага си по партнер, не спасител.
Не ти треба маж или жена во животот кој/а ќе те спаси. Следи ја сопствената среќа и пронајди го сопатникот.
3. Навивате еден за друг.
Успехот на другата личност е и ваш успех. Постојано се поддржувате и поттикнувате за нови успеси без љубомора и желба за натпревар.
4. Го вадите најдоброто од себе си.
Вашата врска е основана на тоа да се правите подобри личности меѓусебно. Заедно да растете и созревате во една целина која успешно функционира.
5. Ги негувате заедничките потреби
Во вашата врска не постои себичност. Вашите потреби се подеднакво важни како оние на партнерот.
6. Убавината доаѓа од внатре
Кога другите ќе ве запрашаат што гледате во другата личност не посегнувате најнапред по нивниот физички изглед. Важно е какви карактеристики има личноста и колку нејзините црти се совпаѓаат со вашите.