Ќе ве насмеат до солзи: Секс совети од 60-тите
Можеби 60-тите на еден начин биле револуционерни, но истовремено биле и време на потиснување на сексуалноста и секако, низа апсурдни и смешни совети особено наменети за младите.
Ова се дел од најапсурдните совети кои ги добивале младите.
1. Биди секси, но не најсекси и изгледај како сите други
Авторката Елен Пек во својата книга од 1969 година „Како да го освоите тинејџерот и што да направите откако ќе го освоите“ објаснува на младите тинејџери дека „Кога излегувате треба да го облечете она што и другите девојки го облекле.Ако носат туника и ти облечи туника. Изгледај малку посексапилно од другите, но внимавај да не облекуваш длабоки деколтеа, да имаш предолги трепки или да носиш многу накит. Ќе изгледаш како старлета, а тоа кај момците не функционира. Немој да бидеш најсексапилна таму.“
Како што продолжува натаму авторката девојките добро е да тежнеат да бидат втори по убавина и сексапил бидејќи, тоа ги става во предност над оние првите. Ниту еден дечко не се осудува да им се обрати на најсексапилните девојки.
2. Плејбој магазинот ги учел момчињата што значи положбата на телото во која девојката седи
60-тите години биле во знакот на нозете. Се се вртело околу нив. Се пишувало за нозете, се гледале нозете и секако таа опсесија довела до идејата да се направи цела патолошка анализа според тоа како изгледаат штиклите на стапалата на девојките.
„По истражувањето на психоаналитичарот Џон Блејзер можеме да откриеме кој е начинот на кој треба да и се обратиме да девојката во зависност од начинот на кој седи.
Ако седи со прекрстени нозе и едната штикла и виси од стапалото, тогаш станува збор за непоправлива заводничка, но таа девојка нема никогаш да ви „даде“.
Ако седи со раздвоени колена тоа значи дека сака да чита за сексот и активно бара бројни љубовни афери бидејќи, сака постојана сексуална возбуденост.
3. Пантомима наместо алкохол
Во книгата од 1967 година именувана како „Излегување надвор од границите“ како број еден правило било дека „тинејџерите не сакаат излегување со премногу алкохол и доколку се најдат во таква ситуација потребно е сите да ги вратат на правиот пат“.
Идејата за тоа што е прав пат секако било да се предложи некоја забавна игра.
„Предложете некоја забавна игра за да ги соберете другите. Партија пантомима ќе ја оживее атмосферата. Или лов на добри готвачи? Можеби сите ќе сакаат да појдат до кујната и да прават хамбургери или пуканки.“
4. „Голите“ усни се грев
Жените биле советувани дека ниту една шминка нема да го сокрие заморот во нивните очи. Црниот туш бил за сите останати типови на коса освен девојките кои имаат црна коса.
Она што е најважно е дека вашите усни никако не смеат да бидат без шминка. „Ако не сакате кармин, тогаш мора да имате барем сјај за усни“.
5. Секогаш изгледајте свежо
Шминката треба секогаш да ја поправате, но е заради вашиот изглед колку што е важно за мажите.
Во една книга која се водела како водич за брачниот живот се советувало:
„Погответе се. Одморете се 15 минути за да изгледате свежо пред да се врати мажот од работа. Поправете ја шминката, ставете машна во косата и секогаш изгледајте свежо“.
Покрај тоа што биле советувани да изгледаат секогаш како принцези, девојките биле советувани и да имаат секогаш подготвено топло јадење.
„Подгответе вечера. Цел ден планирајте однапред што ќе подготвите и направете вкусно јадење на време. Поголемиот дел од мажите кога ќе се вратат од работа имаат потреба од добра вечера и топло добредојде“.
6. За време на бременоста размислувајте на вашиот маж
Секако дека треба да се подготвувате за доаѓањето на вашето дете, но тоа никако не значи дека треба да го запоставите мажот.
Перењето на долната облека на вашиот драгоцен маж е важна обврска која не смее да ја заборави ниту една жена, како што наведува Марша Мортон во книгата „Учебник за бременост: Месечен водич кој ги покрива сите работи кои вашиот доктор нема да ви ги каже“.
Марша вели: „Погрижете се секогаш да има чиста долна облека кога вас ќе ве нема и ако е потполно сам, наполнете му го фрижидерот со намирници кои ќе може да ги искористи“.
7. Имајте секс со вашиот шеф
Уредничката на Космополитан, Хелен Браун во својата книга „Сексот и сингл девојката“ ги советувала девојките да спијат со своите надредени.
„Работното време е како создадено за да си го најдете вашиот маж“.
„Девојката која спие со нејзиниот шеф ќе се забавува секој ден и ќе и биде жал што неделата има само 7 дена. Аферата нема да биде добра за неа, но ќе биде добра за нејзината работа“.
8. Забавувајте ги оженетите мажи
Оженетите мажи не се забранети, објаснува Хелен. Оженетиот маж има важна улога во животот на сингл девојките. Како пријател, дечко и барем двапати годишно како љубовник.