Прашање кое ги мачи жените: Зошто тој не се јавува?
Нема жена која барем еднаш во животот не се нашла во ситуација кога чека повик од партнерот, а тој не се јавува.
Особено ситуации кога ви се чини дека сè е во ред и наеднаш него го снемува или кога сметате дека добро сте си поминале на состанокот, но тој не ве бара следниот ден. Ситуации кои тотално ја полудуваат секоја жена.
На вечното прашање: „Зошто не ми се јавува?“ покрај многуте претпоставки и оправдувања кои му ги барате, постојат 5 одговори:
1. Прогонување
Некои девојки навистина знаат да ги прогонуваат мажите, да тактизираат и да си играат со нив, а при тоа да се однесуваат тотално нетактично. Мажите не сакаат да си игра некој со нив или да тактизираат, туку сакаат отворена поставеност и да знаат на што се. Сакаат да им дадете јасен знак дека ви се допаѓаат за да почувствуваат некаква сигурност, но не и да му ги кажете сите планови за во иднина или изјави дека навистина многу ви се допаѓа. Намалете со пораките и оставете му простор. Ако го интересирате тој ќе најде начин и време да ве заведе.
2. Прегорување
Кога врската набрзина ќе почне, ќе се случат многу наеднаш, прераните физички интимности. Ако пребрзо ги направите сите работи, доколку почетокот ви е толку интензивен, многу лесно прегоруваат силните страсти и исчезнува магијата која на почетокот ве обземала целосно. Така, тој го губи интересот и престанува да ве бара.
3. Самостојни сте
Денешните жени сè премногу зафатени со своите кариери и сакаат сè да имаат под своја контрола. Ако сте од оние што сè можат сами, тешко се одлучувате своето време да го посветите на некој друг или ако глумите „ѕвезди“ со секое појавување, тогаш сигурно е дека веќе нема да ви се јави. Ако ви значи обидете се да го прилагодите распоредот и да најдете време за него. Мора да ве запознае за да сфати дали сака да се вклопи во вашиот активен живот.
4. Интернет комуникација
Допишувањето на Фејсбук или мејл колку што се чини полесно и почесто, толку може да биде и поопасно, бидејќи многу често знае да пренесе и погрешна порака. Комуникацијата која се одвива електронски не може да ги изрази вистинските емоции и да ги пренесе сигналите кои се препознаваат со сите гримаси и погледи. За да ја одржите неговата заинтересираност на почеток избегнувајте да претерувате со постојаното допишување.
5. Емоционална (не)контрола
Ако чекате тој да ви се јави веднаш по состанокот веројатно ќе ви се зголеми напнатоста. Но, кога ќе ви се јави обидете се да се воздржите од еуфоричната реакција. Подобро е врската да ја почнете со лесни чекори, да се контролирате и да не се отворате целосно и наеднаш. Дозволете му да ве освојува и реагирајте со мера.