30 работи на кои им кажувате „Да“ кога стапувате во брак
Стапувањето во брак не значи само да се каже „Да“ пред матичарот и да се прослави свадбата. Бракот е нешто многу повеќе. Од сè повеќе. Повеќе љубов, пријателство, грижа, но и повеќе нервози, караници, издржувања, солзи, насмевки, бакнежи и сè така натаму.
Пред да стапите во брак треба да сте свесни уште колку пати ќе треба да го повторите судбинското „Да“, уште колку пати ќе поверувате, ќе посакате, ќе издржите.
Вистинската љубов простува, издржува и продолжува со исто темпо. Вистинската љубов ќе каже „Да“ барем уште во 30 ситуации:
1. Да, верувам дека ќе имаме убав живот заедно.
2. Да, сакам да се будам секое утро покрај тебе.
3. Да, сакам да се грижам за тебе кога си болен
4. Да, сакам да бидам твое рамо за плачење.
5. Да, сакам да бидам твојот камен на кој се потпираш.
6. Да, те сакам и ќе те сакам.
7. Да, гледам на нас како на тим.
8. Да, верувам дека ти си најубавата личност што ја имам запознато.
9. Да, сакам да имам деца со тебе.
10. Да, сакам да остариме заедно.
11. Да, сакам да ја поддржам твојата страст.
12. Да, сакам да бидеш тука за мене
13. Да, сакам да се држиме за рака додека минуваме низ животот.
14. Да, се грижам.
15. Да, се плашам да не те изгубам.
16. Да, сакам да бидеме заедно колку може подолго.
17. Да, во план ми е да бидам најдобар/а сопруг/а.
18. Да, знам дека ќе треба да правам компромис за некои работи и ќе правам.
19. Да, те сакам повеќе отколку самиот живот.
20. Да, знам што и колку ми значиш и никогаш нема да заборавам.
21. Да, ти ја должам мојата среќа.
22. Да, ветувам дека ќе се трудам секој ден да те права среќен/а.
23. Да, ветувам дека постојано ќе се трудам да бидам подобар/а сопруг/а бидејќи ти тоа го заслужуваш.
24. Да, разбирам колку сум среќен/а што те најдов тебе.
25. Да, знам колку сум среќен/а што од целиот свет ти ме избра токму мене.
26. Да, знам дека никој не е совршен и знам дека и двајцата ќе правиме грешки.
27. Да, сакам да бидам покрај тебе и во најтешките моменти.
28. Да, сакам и да ти давам поддршка во добрите времиња.
29. Да, сакам да ми бидеш сè и сакам да бидам твој/а.
30. Да, сакам да бидам и мајка и татко и партнер и љубовник, знам дека можам да бидам и ти го заслужуваш тоа.