Љубов: Ја запроси на последниот ден од хемотерапијата
Овој човек се одлучил најпријатно да ја изненади и да ја запроси својата девојка на нејзиниот последен ден од хемотерапија.
Како што објаснува Лукас Донофрио се запознале додека учеле во средно училиште и оттогаш останале заедно.
6 години пред тоа добила дијагноза за не-Хочкинов лимфом и по долги години борба со болеста и цели 6 сесии хемотерапија, нејзиното прекрасно момче ја запросува.
Ги повикал сестрите и со заедничка помош од родителите ја преуредиле целата болничка соба. Ја исполниле со свеќи и балони во вид на срциња за да ја направат атмосферата што е можно поромантична.
Во добро расположение на романтична музика со песна од Ed Sheeran во болницата во Флорида девојката која успеала да се избори со ракот добила прекрасен подарок, запросување под мотото „го победи ракот! Сега е време остатокот од животот да го поминеме заедно.“
„Сакав да биде симбол на затварање на чинот на борба со ракот и да се отвори нова страница во нејзиниот живот“ - вели Лукас.
Звучи прекрасно нели? Ова е видеото од самото запросување: