Како не се преболува бившиот/та?

Уште една пропадната врска и уште еден партнер кој сакате да го заборавите најбрзо што може. Советите на пријателите, филмовите и списанијата се секогаш исти, но повторно неуспешни.

kako-ne-se-preboluva-bivsiot-ta-01

Некои митови постојат само на хартија, но тешко се изводливи во пракса. Пред сè мора да си признаете дека не е лесно некој да ве остави и веднаш да го заборавите како да не постоел. Тоа е едноставно невозможно и помирете се со тоа.

Боледувањето и преболувањето на раскинувањето е процес низ кој мора да поминете и за кој нема да ви помогне само времето, ниту зајакнувањето на егото, туку прифаќањето, пуштањето и простувањето.

Но, ова се неколку начини кои секогаш ги пробувате, но никогаш не помагаат за заборавање на бившиот/та:

1. Клин со клин се избива

Тоа не помага ни после мамурна ноќ. Обидете се по пијана вечер, утрото да се освестите со една ракија. Не може да ви биде подобро, туку само полошо. Мора да се отрезните, да почекате да помине денот, да правите нешто спротивно и да преспиете. Исто е и со бившиот/та. Не брзајте да најдете друг/а, тоа не е фер за никого. Издржете го периодот на жалење, лутење, надевање за да сфатите дека така е најдобро да биде.


2. Полесно ќе го/ја преболиш ако ти раскинеш

Тоа е само задоволување на егото и ништо повеќе. Сигурно нема да ве боли помалку кога ќе сфатите што се случило. Вистината е иста. Тоа не значи дека сте ги избришале чувствата, туку дека не ви се возвратени. Мора да бидете некое време тажни, додека не ја прифатите реалноста.


3. Преболувањето е како откажување од дрога или алкохол

Не е точно. Така ви се чини на почетокот, но кога ќе преболите тоа е завршена приказна. Иако чувствувате таква зависност кон партнерот. Можеби треба да размислите дека не зависите од конкретната личност на која и раскинувате, туку од потребата да се има некој покрај себе.


4. Времето лечи сè

Не лечи времето, туку свесното живеење во сегашноста, почитта кон своите чувства и процесот во кои се менувате и станувате позрели и помудри.


5. Тој/таа не е вреден/а за твоето страдање

Оваа утеха нема никакво влијание, освен што уште повеќе ќе се нервирате што страдате за некој/а безвреден/на. Вашите чувства се ваши и заслужуваат почит, без оглед на кого се однесуваат. Имате право да одболувате и да преболите.

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски „Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е вете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg