7 Знаци дека очајно посакувате да бидете во врска
Да се доживее неуспех во љубовта навистина не е лесно, но штом се случи тоа треба да запрете и здивнете...
Ако кај себе забележите некои од овие знаци, тогаш време е да си помогнете и да престанете да бидете очајни, бидејќи тоа може само уште повеќе да ве повреди.
Разговарајте со вашите пријатели и решете го проблемот со несигурноста:
1. Подготвени сте веднаш да се врзете
Не ви е важно која е личноста, дури и не сте ни сигурни дали воопшто ве привлекува, туку најважно ви е да бидете во врска. Ако ви одговара секоја личност, време е да поработите на вашите стандарди.
2. Цело време сте на Фејсбук
Или на некоја друга социјална мрежа и константно си го проверувате инбоксот и чекате било кој да ви пише. Излезете од дома и заборавете на кратко на социјалните мрежи.
3. Заборавивте како изгледа нормална комуникација
Излеговте на состанок и поминаа неколку дена, а вие сѐ уште не добивте никаква порака од личноста со која бевте излезени? Ако во текот на овие денови вие бевте тие кои праќавте пораки и се јавувавте, тогаш време е да научите да воспоставите нормална комуникација. Почекајте, нема потреба од брзање.
4. Сакате веднаш да го/ја запознаете со родителите
Супер си поминавте на состанокот и веќе сте сигурни дека тој/таа е вистинскиот/вистинската за вас. Веднаш сакате да го/ја запознаете со родителите, но тоа е голема грешка. Почекајте бидејќи никој не би прифатил таква покана за кратко време.
5. Ја следите личноста на социјалните мрежи
Кога личноста не ви одговара на смс порака, тогаш вие веднаш ја наоѓате на Фејсбук или Твитер, што е навистина лошо, бидејќи тој/таа ќе добие лош впечаток за вас. Ваквото однесување може да биде застрашувачки за било кој.
6. Разговори за брак
Се гледате неколку недели, а вие веќе зборувате за тоа колку сакате деца и брак. Морате да престанете со овие разговори, бидејќи само ќе ја исплашите личноста со која сте излезени.
7. Не правите разлика помеѓу секс и љубов
На почеток не ви изгледаше лошо кога се гледавте и имавте секс, но тогаш тој/ таа престана да ви се јавува и вие сте повторно разочарани. Разговарајте отворено од старт и обидете се да дознаете дали таа личност бара само секс или пак посакува нешто повеќе, само така нема да се залажете себе.