Таа сака да флертува

taa-saka-da-flertuva-povekjeПостојат девојки кои обожаваат да флертуваат и сето тоа е во ред се додека таква девојка не е ваша, но кога е тоа случајот работите стануваат...

 

...загрижувачки и исцрпувачки.

Таа секогаш и секаде сака да биде во центарот на вниманието, зависна е од ефектот кој го предизвикува кај другите и секогаш и секому сака да се допадне.

taa-saka-da-flertuva

Но, што да се прави тогаш? Како vие да се помирите со фактот дека таа сака да флертува само заради флертот?

Важно е да имате јасна слика за наивноста на нејзиното флертување, да знаете дека таа не го прави тоа со цел да заведе некого, туку затоа што е зависна од перманентно хранење на своето его.

Доколку сте сигурни дека сакате да останете во врска со таква девојка, тогаш гледајте ги работите рационално. Сите мажи кои регаираат на нејзината насмевка и поглед се всушност лажно навлечени на „тенок мраз“.

Вие сте тој со кого таа ќе си замине дома на крајот на вечерта. Од друга страна колку и да сте вљубен, морате да бидете свесни за вистинскиот карактер на својата сакана. Таа има сериозен проблем заради кој постојано и е потребо машко внимание.

Хронично несамоуверените жени, оние кои никогаш не се сигурни во сопствените вредности, постојано бараат потврда во сопствениот одраз во очите на мажите во нивната околина.

На нив воопшто не им е важно за кој маж се работи, едниствено што им е важно е да го привлечат неговото внимание за да си дадат себе си потврда за сопствената вредност.

Затоа воопшто не треба да бидете љубоморни на овие мажи, но она што треба сериозно да се запрашате себе си е дали ваквата девојка е способна вистински да ве сака.

Би можело да ве интересира:

Жени споделуваат смешни (и засрамувачки) незгоди од секс за време на бременост „Бев околу четвртиот месец во бременоста и користевме некој нов лубрикант, како ...
„Жена ми сака секс само ако планираме бебе, а веќе имаме 4 деца - фрустриран сум“ (18+) Кое е вашето размислување на оваа тема? На кој начин сметате дека може да се под...
Жена (34) со искрена исповед: „Откако сопругот се здебели, не чувствувам никаква сексуална привлечно... „Повеќе не чувствувам привлечност и никаква желба, каква што има тој. Знам дека ...
Како да познаете маж кој е чувствителен (и e одличен партнер)? Мажите кои се чувствителни можеби на прв поглед не изгледаат така, но тие секога...
Зошто не треба да глумите оргазам со вашиот партнер? (18+) Зборувањето за оргазмот не само што е поволно за врската, туку влијае и на целок...
8 типови на жени по кои мажите лудуваат Од љубезната девојка во соседството, до мистериозната фатална жена, овие типови ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg