7 лекции на кои нè учат романтичните филмови, а се сосема погрешни

Ако животот беше романтична комедија, колку и да сме несреќни и се уште сме во потрага по партнер и животни успеси, работите ќе си дојдат на место.

7-lekcii-na-koi-ne-ucat-romanticnite-filmovi-a-se-sosema-pogreshni-01.jpg

Без грижи, вашата пријателка ќе биде секогаш тука покрај вас и можете слободно да бидете егоистични, вашиот фраер ќе ве побара за жена и веројатно ќе дознаете дека е богат политичар и ќе ја добиете идеалната работа за која уште од малечки сте сонувале. Иронично, се разбира.

Еве неколку романтични лекции на кои не учат филмовите, а се сосема погрешни.

1. Фраерот е всушност слатко и нежно момче

Колку и да ви се чини на почетокот дека тој е личноста со која не треба да си имате работа ќе сфатите дека не само што е добро и нежно момче туку и дека ќе се заљуби во тебе. Како во сите филмови со Џерард Батлер.


2. Најдобрите пријателки никогаш немаат свој живот

Хероините на романтичните филмови се центар на светот. Дали тоа треба да биде така и во реалниот живот? Не е важно што вашата пријателка работи или што и се случува во животот вие сте поважни од неа и нејзните потреби. Како и секој филм со Џуди Грир.


3. Девојките се здружуваат кога делат едно момче

Би било забавно девојките да умеат да го преболат измамникот, да се здружат и успеат да му го уништат речиси цел живот, како во John Tucker Must Die и The Other Woman. Во реалноста приказната завршува обратно. Обично девојките се оние кои го извлекуваат подебелиот крај.

7-lekcii-na-koi-ne-ucat-romanticnite-filmovi-a-se-sosema-pogreshni-1.jpg

4. Ти си Пепелашка и ќе го сретнеш твојот принц на белиот коњ

Како вистински принц или некој политичар или било кој богат маж во кој ненормално ќе се вљубиш и ќе бидете засекогаш заедно среќни и весели. Што е најважно на почетокот нема да знаеш точно кој е и каква личност е. Баш како во Maid in Manhattan и The Prince and Me.


5. Свадбите се одлични места за откривање на тајните

Наместо да им честитате и посакате среќен брачен живот на младоженците, подобро е да застанете на сред бина и да го раскажете целиот ваш живот. Како што тоа се случува во Wedding Crashers, Jumping the Broom и My Best Friend's Wedding.


6. Со сигурност ќе имате оргазам

Секс сцените на овие филмови вклучуваат секогаш добро изградени секси тела во уште пожешки пози каде дури и да ви се случи да паднете од креветот на вашиот партнер ќе му бидете слатки и тоа ќе го натера уште повеќе да се вљуби во вас. Иако изгледа така во Love and Other Drugs и 40 Days and 40 Nights, реалноста е поинаква.


7. Ти си исклучокот не правилото

Ова е наједноставниот начин да се поврзат сите предходно наведени карактеристики на романтичните филмови. Ти секогаш ќе имаш добри оргазми, фраерот кој те откачува на крај ќе се вљуби во тебе, ти си центарот на светот и нештата секогаш се менуваат кон подобро колку и да се чини дека нема ништо да се промени. Прост пример - He's Just Not That Into You.

7-lekcii-na-koi-ne-ucat-romanticnite-filmovi-a-se-sosema-pogreshni-2.jpg

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg