Зошто да живеете заедно?
Пред да се преселите кај партнерот/ката бидет сигурни дека тоа е нешто што и двајцата навистина го сакате и му се радувате, одвојте доволно време...
...и добро размислете. Запомнете дека секогаш ќе можете да се вратите доколку почувствувате дека заедничкиот живот и не е баш таков каков што сте се надевале. Доколку пак се покаже дека е тоа вистинскиот чекор - одлично!
Живеењето заедно е навистина голем чекор и голема промена.
За да им олесниме на сите кои се двоумат, еве неколку позитивни страни:
- Заедничкото живеење е поекономично. Заеднички трошоци, заедно ќе се научите како да ги распределувате парите нешто кое секако ќе ви биде потребно кога ќе бидете во брак.
- Многу парови се презафатени со работни обврски, но сакаат да бидат заедно во секој слободен момент. Можеби не се спремни за брак, но живеењето заедно е вистински начин да се помине повеќе време заедно.
- За оние кои размислуваат за брак, но не се сигурни колку се компактибилни, живеењето заедно е одличен тест за компактибилноста. Кога ќе се видат еден со друг и во најлошо можно издание и повторно ќе сакаат да бидат заедно, тогаш бракот е одлично решение.
- Ако ја имате саканата личност почесто покрај себе, тоа може да ја направи врската поквалитетена, а вас многу посреќни, задоволни и опуштени.
- Без разлика на тоа дали сте за или против бракот, живеењето заедно е вистински знак за поврзаност и силни емоции.
Во секоја подолга и посериозна врска, кога-тогаш се наметнува прашањето за заеднички живот. Одлуката е едноставна, но само доколку и двајцата добро знаете што сакате, немате преголеми очекувања и не се залажувате себе.
Впрочем секој од нас, најдобро знае што е најдобро за него/неа. Среќно!