Мали тајни во врската
Дури и луѓето кои се комплетно посветени на врската и се меѓу најискрените и најпристојните личности, сепак имаат по некоја тајна која ја...
...чуваат само за себе. Па сепак тоа не би требало да ни пречи, во здравите врски обично станува збор за некоја сосема банална тајна. Што најчесто партнерите кријат еден од друг?
Мажите обично не сакаат нивната партнерка да знае дека и тие се загрижени за својот физички изглед.
Всушност ако девојка во ресторан нарача минерална вода и салата, тоа е сосема нормално, но ако тоа го стори нејзиниот партнер веќе ситуацијата станува необична.
Иако претежно жените се тие кои се постојано на диета, понекогаш и мажите тешко го поднесуваат фактот дека ги зголемиле килограмите, но за разлика од жените тие тоа не сакаат да си го признаат ни самите на себе, ниту пак на партнерката.
Жените од друга страна пак и немаат толку многу паничен страв од инсекти, но кога ќе здогледаат некоја бубачка во близина тоа е можност да бидат во „опасност“ и при тоа да бидат спасени од партнерот.
Со малку шега на своја сметка, партнерот во тој момент може да биде „витезот на белиот коњ“, иако за да го совлада непријателот му е доволна само една папуча или тврд предмет.
Уште една многу чувствителна тема во врските е љубомората. Обично мажите се многу пољубоморни отколку што сакаат да признаат, па така кога партнерот ќе каже „оди и убаво помини си со другарките“, времето додека се врати партнерката обично го поминува гледајќи на часовникот.
Тоа не значи дека тој не и верува на партнерката, туку едноставно во прашање е машката природа. Впрочем малку љубомара е и добредојдена, може да ја зацрврсти врската меѓу партнерите.