Фотографијата на младенци кои се молат расплака илјадници на Фејсбук
Фотографот Двејн Шмит фотографирал многу свадби, но еден пар му оставил посебен впечаток кој не може да го заборави.
Тој забележал еден посебен момент кога младженецот, американски војник, побарал тој и неговата избраничка заедно да се помолат само неколку моменти пред венчавката.
За да се испочитува традицијата, односно да биде сигурен дека нема да ја види невестата пред венчавката, Келеб Ирвуд ги затворил очите, исто и Меги. Си го свртеле грбот еден на друг и се фатиле за раце.
Се забележува дека Меги со другата рака си ја затвора устата додека плаче. Емотивен момент засекогаш забележан од страна на фотографот, кој сигурно многу ќе им значи во животот.
Фотографијата многу брзо по објавувањето стана хит на интернет, а само на Фејсбук веќе има над 50.000 допаѓања.
Ретко кој може да остане рамнодушен на ваквата глетка. Иако изгледа како обична фотографија, таа раскажува цела приказна за која не се потребни зборови.
I have photographed alot of weddings. This has to be one of the best things i have ever got to see much less...
Posted by Dwayne Schmidt Photography on Saturday, May 23, 2015
I have photographed alot of weddings. This has to be one of the best things i have ever got to see much less...
-->Posted by Dwayne Schmidt Photography on Saturday, May 23, 2015