10 Работи кои зрелите жени не ги прават во врска

Мислите ли дека сте зрели во врските? Можеби често проблемот го барате во другиот, но ајде за промена проверете дали можеби и во вас има кривица.

10-raboti-koi-zrelite-zeni-ne-gi-ravat-vo-vrska-1

Доколку се пронајдете во барем половина од овие работи, тогаш честики! Ако не се пронајдете, не очајувајте, бидејќи секогаш може да научите нешто ново и да се надградите себе.

Што прават, а што не прават зрелите жени во љубовната врска?

1. Тие имаат време за сите

Кога луѓето се во врска, често се случува да заборават на пријателите. Секако, тоа е во ред доколку се случува на самиот почеток од врската, но никако не смеете целосно да ги отфрлите пријателите и семејството од животот.


2. Тие не забораваат да се заблагодарат

После некое време лесно е да се заборават ситниците кои партнерот ги прави за вас. Зрелите жени разбираат дека животот со некој е подарок и не ги забораваат изразите како „Те молам” и „Благодарам”.


3. Тие не се откажуваат од својата финансиска независност

Без разлика, колку и да е партнерот добро обезбеден материјално, зрелите жени никогаш нема да се откажат од својата финансиска независност. Тие не очекуваат партнерот да им купува, бидејќи се способни да заработат и да го набават тоа што им треба.


4. Не се фокусираат на недостатоците

Зрелите жени се фокусираат на доблестите кај партнерот и на неговите најдобри особини. Тие ги прифаќаат неговите маани и не го осудуваат, бидејќи свесни се дека никој не е совршен.


5. Не се откажуваат од соништата

Зрелите жени знаат дека добра врска е онаа која ќе ве поттикне да ги следите соништата.


6. Не се откажуваат од самодовербата

Сосема е нормално да постојат благи промени кога сте во врска, но зрелите жени не дозволуваат врската да им ја одземе самодовербата. Тие од партнерот очекуваат да ги почитува и да се однесува кон нив како и кон сите други во животот.


7. Тие не се откажуваат од својата среќа

Зрелите жени го сфаќаат значењето на нивната среќа, што значи ако не се среќни во врската, тогаш и не се дел од неа. Свесни се дека партнерот треба да е дел од нивната среќа.


8. Не им е потребно 24/7 да се слушаат со партнерот

Зрелите жени водат исполнет живот со многубројни обврски. Тие му веруваат на партнерот и затоа немаат потреба да се слушаат или допишуваат со него во текот на целиот ден.


9. Не дозволуваат само партнерот да носи одлуки

Во здравата и зрела врска двајцата партнери ги носат одлуките. Овие жени не им дозволуваат на мажите секогаш тие да се оние кои носат одлуки.


10. Не се откажуваат од идентитетот

Зрелите жени нема никогаш да ги променат своите ставови и интереси заради партнерот или заради било кој друг. Доколку сфатат дека некаде погрешиле, тие ќе ја поправат грешката. Тешко дека ќе се откажат од својата рутина и работите кои ги правеле пред да бидат во врска.

Во колку од овие работи се препознавте?

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg