Девица на 29 години: Работи кои мора да ги знаете ако не сакате секс пред брак

Кога е вистинскиот момент и дали треба да ја чекате вистинската личност? Тоа се прашања за кои некогаш долго се дискутираше, а денес останаа само хипотетички размислувања на ретки исклучоци.

devica-na-29-godini-8-raboti-koi-mora-da-gi-znaete-ako-ne-sakate-seks-pred-brakot-01

Според последните истражувања повеќето млади луѓе првиот однос го имаат околу 17 година. Можеби токму затоа приказната на една 29-годишна девојка која одлучила да остане девица до првата брачна ноќ звучи малку чудно.

Одлучив да го чекам бракот, бидејќи така сакам, а не затоа што така ме учи религијата. Верник сум, но оваа одлука ја донесов од лични причини. Сметам дека поради тоа мојот брак еден ден ќе биде поквалитетен и подобар.

Сексот не е најважната работа во врската со мене.

Сфаќам дека е голема работа ако во денешно време немаш секс додека твоите врсници го прават тоа постојано. Но, мојот целокупен идентитет не се заснова на фактот дека сум девица или сингл. Сакам другите да ме доживуваат како човечко суштество со многу квалитети, а не да ме етикетираат врз основа на моите погледи на сексуалноста.

Одлучна сум дека нема да стапам во полови односи до брак, но тоа не значи дека не чувствувам сексуална желба. Како и сите луѓе и јас чувствувам сексуална желба. Тешко е да се чека, но не е невозможно. Фактот дека успевам да одолеам на физичката желба, ме прави посилна и сега знам дека многу работи во животот може да се контролираат.

Тоа што одлучив да бидам девица до брак не значи дека сум лезбејка. Верувам дека постојат момци кои ќе го делат моето мислење или ќе го почитуваат мојот избор.

Понекогаш обесхрабрува кога ќе слушнете многу момци како коментираат дека не можат да бидат со девојка која не сака секс, што е сосема во ред, како нивен избор, но знам дека постојат и оние кои знаат да ве почитуваат заради вашиот личен избор.

Сметам дека мојата одлука ме поштедила од многу болка и патење, бидејќи со оглед на тоа што во досегашните врски во кои сум била не сум имала физички контакт ми било многу полесно да си заминам и да продолжам понатаму. Мислам дека раскинувањата и преболувањата би ми биле многу поболни ако имав доживеано таква интимност.

Изразувањето на сопствената интимност не доаѓа само за време на сексуалниот чин. Сексуалноста е дел од природата на секое суштество и не мислам дека мојата е потисната поради одлуката да немам секс. Јас  ја изразувам преку почитување и прифаќање на сопственото тело, низ танцот и односот со луѓето околу мене.

Горда сум на својата одлука. Моите пријатели и семејството ме поддржуваат во одлуката и ме прифаќаат без оглед на сè. Нема ништо страшно во тоа да се биде 29-годишна девица.

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg