Секс совети за неискусни: Доволен е само еден однос за девојката да забремени
Лесно е да му кажеш на некого дека го сакаш. Зборовите се сепак поедноставни од делата. Како да покажеш на вистински начин дека некого сакаш? И секако постои уште еден важен момент во животот.
Првото сексуално искуство. Кога? Како? Каде? Тоа се многу од прашањата кои секој тинејџер си ги поставува кога станува збор за првиот секс. Никој не може да каже дека постојат точни правила по кои треба да се водите, но постојат неколку корисни совети до кои треба да се придржувате.
1. Сексот мора да биде посебно искуство
Кога веќе ќе се одлучите за да го испробате за прв пат, одлучете се за личност која навистина ви значи. Првото сексуално искуство нема да биде исто доколку се одлучите за првиот/ата која ќе го/ја видите во дискотека. Со личноста која добро ја познавате срамот и стравот од неискусноста многу брзо и полесно ќе можете да ги надминете.
2. Бакнежи и гушкања
Уште еден многу добар начин побрзо да се опуштите е предиграта. Обидете се интимно да се поврзете со личноста, а потоа преминете на главниот дел на вечерта. На тој начин ќе си дадете до знаење дека се грижите еден за друг и дека нема потреба од напнатост и страв.
3. Доволен е само еден однос за девојката за забремени
Никој не може да каже дека затруднувањето е лесно, но никогаш не ја занемарувајте опасноста од несакана бременост. Самите добро знаете дека денес сè повеќе и повеќе се јавуваат тв шоуа во кои 16 годишни девојки имаат мали деца. Зарем тоа би го посакале? Уживајте на сигурен начин во првото сексуално искуство.
4. Еднаш е доволно за да се заразите со некоја полова болест
Да, тоа е точно. Доволен е само еден контакт со телесни течности на личност која е заразена и кај вас да се пренесат несаканите бактерии и вируси. Токму затоа користете презервативи. И тоа секогаш! Ова важи и за оралниот секс. Можеби од него нема да забремените, но со сигурност ќе „закачите“ некоја болест доколку другата личност веќе е заразена.
5. Девојките потешко доживуваат оргазам
Кога станува збор за понежниот пол оргазмот претставува цела наука. Не очекувајте дека ќе се случи уште првата вечер. Дајте си малку време и издишка. Речиси никому првиот секс не му е фантастично урнебесно искуство. Многу веројатно е дека ќе ви треба време да се навикнете на телото и потребите да другата личност.
6. Не бидете себични
Светот во ниту еден случај не се врти само околу вас. Не станува збор за тоа дали само вас ви е страв или само вие сакате побргу да завршите. Бидете дарежливи еден кон друг. Споделете што ве мачи, комуницирајте и гледајте што е можно повеќе да си го олесните доживувањето обострано. Така и двајцата ќе бидете опуштени и ќе заборавите на стравот.
7. Сексот надвор е повозбудлив
Секако дека доколку сте одлучни ќе сакате да го испробате што е можно побргу дури и на отворени места. Не постојат to;ni правила за тоа каде треба да биде првото искуство, но миговите кои ги минувате надвор може бргу да подлегнат на ризикот од тоа да бидете приморани да прекинете и да бидете понапнати. Ситуацијата веројатно ќе ја доживеете многу понепријатно.