Тој сака секс, таа сака љубов
Ви звучи познато? Ова е една од постојаните битки на полето на интимноста. Често се вели дека мажите даваат љубов за да добијат секс, а жените...
...го прават спротивното. Ова создава бојно поле во кое, и едните и другите се чуствуваат изнудено.
Секако, секој маж и секоја жена се комплетно индивидуални во своите размислувања, сфаќања и потреби во однос на љубовта и сексот.
Понекогаш жените се послободни во својата сексуалната активност или мажите се посветени на градење на солидна емотивна врска, но најчесто е сосема обратно.
Генерално, жените тежнеат кон длабока емотивна врска со партнерот, додека мажите преферираат одредена дистанца од партнерката.
Жените секогаш се обидуваат да ги поттикнат, развијат и одржат емоциите во врската, додека мажите се обидуваат да го збогатат сексуалниот живот.
Жените размислуваат за брак, семејство и потомство, додека мажите фантазираат за секс на невообичаени места или во несекојдневни околности.
Жените очекуваат мажот да ги изненади со романтична вечера, а мажите очекуваат изненадување после вечерата.
Ова често создава непријатности во релациите помеѓу половите и најчесто и двете страни се чуствуваат незадоволно, неразбрано, изнудено и некомплетно.
Сепак, секогаш постои начин да се избегне битката и несогласувањата да се претворат во поле за соработка. Се што треба да направите е отворено да разговарате со партнерот.
Бидете искрени и отворени, разговарајте за вашите желби и потреби и никако не заборавјте да ја чуете и другата страна. Поставете правила со кои и двајцата ќе се согласите.
Бидете љубопитни и потрудете се да ги исполните желбите на партнерот. Не заборавјте дека вашиот партнер не може да ги чита вашите мисли, но може да ги исполни вашите желби.
Колку повеќе разговарате и се трудите да си угодите еден на друг, толку повеќе станувате свесни дека мажите и жените и не се толку различни.
Запомнете дека вашиот партнер е само фокусиран на другата страна, а длабоко во себе го посакува истото што и вие.
Отворете ги видиците и истражувајте!