6 жешки типови секс од кои ќе полудите еден по друг
Лути сте еден на друг? Испробајте како тоа функционира за вас во кревет. Откривте некоја нова поза? Предложете ја на вашиот партнер и веднаш пробајте ја.
Имате фантазија која никогаш не сте ја откриле или пак, никогаш не сте помислиле да ја испробате? Не се срамте и веднаш пробајте ја.
Никој нема да може да одолее и да остане рамнодуштен на вашата висока самодоверба, а ова се 6 типови кои ќе успеат да ја разгорат желбата и страста меѓу вас двајца.
1. Секс по жестоката кавга
Да бидеме искрени сите ние многу добро знаеме што значи да се разгорат страстите веднаш по кавгата. По жестоките изливи на гнев и нервоза, сексот ќе биде одличен. Полн со страсти и емоции. Благодарение на адреналинот кој сè уште се наоѓа во вашиот крвоток ќе предизвика големо сексуално возбудување кое ќе ве доведе на врвно ниво. Секако не е добро решение за расчистување на нејаснотиите и проблемите, но вреди да се проба. По овој секс многу веројатно е дека ќе заборавите за што воопшто сте се расправале и ќе бидете како физиччки така и емотивно поврзани.
2. Секс на изненадување
Потрудете се да преминете преку секојдневието и да престанете да го планирате сексот. Едноставно не размислувајте околу тоа и нека се случи сосема ненадејно. Кога, каде и како треба да бидат прашања кои ќе останат неодговорени сè додека не избие страста. Така е и најдобро, кога работите се одвиваат сами од себе. Бидете заводливи, само вашето тело во тој миг е доволно да го направи вашиот партнер среќен и задоволен.
3. Утрински секс
Многумина не го практикуваат пред сè поради стравот од неисчешлана, несредена и разбушавена коса, неистуширано тело и секако утринскиот здив. Но, овие нешта не треба да ве спречат во тоа утрински да се расположите и да ги покачите нивоата на хормонот на среќата во вас и вашиот партнер. Нема ништо подобро од тоа да се разбудите покрај саканата личност и погледот да го надополните со допири, мазење и секако на крајот со секс. Сепак, денот по утрото се познава, а насмевката од овој секс ќе ве држи во текот на целиот ден.
4. Секс во униформа
Разбудете ги и прикажете ги вашите неоткриени желби. Играјте ги улогите кои од секогаш сте замислувале да ги испробате. Иако може сега ви се чини како чудна оваа идеја, но овој секс умее да биде примамлив и страсен. Ослободете се и бидете без трошка срам. Испробајте униформа на медицинска сестра, собарка или нешто слично. Разбудете ја фантазијата и бидете оригинални. Никој нема да остане рамнодушен на вашата самодоверба.
5. Страсен и лудачки секс
Излезени сте со друштвото или во јавност, но сте толку загреани што едвај чекате да се соблечете? Она што следи потоа е страсен секс кој бил долго очекуван. Тоа ја прави ситуацијата двојно повозбудлива. Пробајте со секси погледи и незабележливи допири да ја разгорите желбата и фантазијата на вашиот партнер. Нека ве посакува подолг период. Така ќе дојдете до ситуација во која ќе имате посилно сексуално задоволство и двајцата.
6. Камасутра
Менувајте пози. Вие иницирајте ги. Од вашата желба и идеи вашиот партнер ќе биде пријатно изненаден. Ако постои некоја нова поза за која сте прочитале слободно испробајте ја. Не е важно за што станува збор. Дали е тоа нешто навистина лудо или пак нов начин на примена на старите добро познати пози. Не размислувајте и не грижете се за тоа дали ќе завршат успешно и дали ќе одговараат и на двајцата. Самиот факт дека се трудите ќе го возбуди вашиот партнер и ќе го натера да ве посакува уште повеќе.