Факти за жените и сексот
Дали сте знаеле дека женското тело во текот на овулацијата е посиметрично, дека и жените имаат „влажни“ соништа и дека на мирисот на интимната...
...зона значително влијае храната?
Кога станува збор за оралниот секс многу жени се загрижени дека нивниот мирис нема да му се допадне на партнерот.
Потребно е да се знае дека мирисот и вкусот на женската интима во голема мера зависи од храната која се конзумира, а PH вредноста зависи од фазата на менструалниот циклус.
Жените треба да знаат дека преголеми количини на морков и лук во исхраната, предизвикуваат непријатен мирис на вагината. Од друга страна пак лимонот, портокалите и грејпфрутот го подобруваат мирисот и вкусот на интимната зона.
Жените и ноќните оргазми
Во контекс на „влажните“ соништа, најчесто се споменуваат мажите, но и жените можат во текот на сонот да доживеат сексуално возбудување, па дури и оргазам без никакво стимулирање на гениталиите.
Токму како и мажите, благодарение на мозокот и соништата, женското тело може да почуствува ноќно задоволство.
Во текот на ваквото доживување работата на срцето двојно се збарзува, вдишувањата од 12 во минута стануваат 22, а се зголемува и дотокот на крв во вагината.
Како машкото семе влија на жената
Можете слободно да заборавите на антидепресантите, спермата може да ве направи среќни.
Според научниците од универзитетот во Њујорк, жените чии партнери користат кондоми се многу повеќе склони кон депресија.
Имено, научниците претпоставуваат дека хормоните од спермата се впиваат во телото на жената и на тој начин влијаат на нејзиното расположение.
Симетријата на телото и овалуацијата
Ако внимателно се погледнеме ќе забележиме дека и не сме баш симетрични, едното око е пониско, едната дојка е помала и слично.
Со оглед на тоа дека луѓето ги привлекува симетријата, фасцинантен податок е дека во текот на овулацијата телото на жената станува многу посиметрично за разлика од другите фази на менструалниот циклус.
Дали доењето ја возбудува жената
Во текот на доењето телото на мајката испушта хормон окситоцин, кој предизвикува контракции на матката. Затоа жените после доење се чувствуваат пријатно, но при доењето се ослободува и пролактинот кој пак ја намалува сексуалната желба кај доилките.