5 секси потези за кои фантазира секоја жена
Жените не секогаш гласно ќе ви го кажат тоа што го сакаат, па затоа треба малку да ја вклучите фантазијата.
За да не се двоумите дали ќе го погодите следниот потег или ќе ја изнервирате, ви откриваме 5 работи кои во секој момент палат.
1. Подигнете ја
На многу жени им се допаѓа идејата мажот да ги земе, подигне и потпре на ѕид. Преземањето на контрола со страствени бакнежи ќе и покаже дека е неодолива. И самата помисла на таквото сценарио е возбудувачко.
2. Бидете малку погруби
Некои жени велат дека се изненадени од мажите кои не сакаат или не знаат да покажат грубост. Притоа се мисли на секси и заводлива дрскост, односно дозирана.
3. Врзете ја
Некои жени ја сакаат играта на доминација. Нежно врзување со свилена марама е секси, исто како и сценариото во кое таа не може, односно не сака, да се ослободи.
4. Соблекувајте ја бавно
Бавното соблекување понекогаш е многу посекси отколку кинењето на облеката. Ова за повеќето жени е повеќе од возбудливо затоа што не може да дочекаат да стигнете до крајот.
5. Иницирајте секс на јавно место
Неочекуваното паркирање на автомобилот или сопирање на лифтот не е неизводливо. Со доаѓањето на топлите денови имате многу поголема слобода и фантазија, искористете ја правилно.