Не е дека броиме, но... 15 жени откриваат со колку мажи спиеле

Повеќето од жените молчат на оваа тема, се однесуваат фино и невино, но за среќа сè уште постојат такви кои не се срамат од својата бројка.

ne-e-deka-broime-no-15-zeni-otkrivaat-so-kolku-mazi-spiele-01.jpg

Овие 15 жени решија да откријат нешто повеќе за бројката која значи репутација:

1. „Не е дека бројам, но можам да се сетам на секој маж со кој сум спиела. Точно знам каде се случило, дали сум свршила и дали сум била пијана. Не сум промискуитетна, но сакам секс и идејата за одредена бројка никако не ми се допаѓа. Мене незадолжителниот секс ми е сосема во ред.“

2. „Не само што бројам, туку и водам евиденција за тоа со кој сум спиела, на кого сум му пружила орален секс и со кој сум се сплеткала на некоја забава.“

3. „Секој пат кога спијам со некој дечко правам цртичка на дрвената кутија во која ги чувам шминките.“

4. „По долгата врска со само еден партнер, нешто во мене се промени и почнав да експериментирам. Партнерите воопшто не ги бројам затоа што тоа ми изгледа бесмислено. Најважно ми е што секогаш користам заштита.“

5. „Имам детален попис на карактеристики од секој партнер. И секако дополнителни коментари за да можам да се сетам што ми овозможил.“

6. „Некое време живеев во странство и тогаш спиев со околу 20 момци. Од тогаш престанав да бројам. Се трудам да користам заштита и редовно да одам на тестирања.“

7. „Бројам, но никогаш не би спиела со некој само за да ја зголемам бројката. Сакам момче и спијам со секој кој мислам дека има потенцијал. Мој живот, мој избор.“

ne-e-deka-broime-no-15-zeni-otkrivaat-so-kolku-mazi-spiele-02.jpg

8. „Сега имам околу 20 и ич не ми е грижа дали ќе ја надминам 30-ката или не.“

9. „Ги бројам само оние со кои сум била во врска. Се останато може да ми предизвика фрустрација.“

10. „Имам листа, но не сум воодушевена од идејата. Имам 25 години и сега сум до 14-то момче, па понекогаш се прашувам дали сум распуштена или тоа е сосема нормално за мои години.“

11. „Кога спијам со некој обично при разменување на телефоните ги запишувам сексуалните податоци и ги менувам во склад со искуството.“

12. „Мене ми одговараат и мажи и жени и не се обидувам да ги бројам, но барем им ги паметам имињата. Од некоја пристојност веројатно.“

13. „Кога некој ќе ме праша, мојот одговор секогаш е 7. Тоа не е вистина, но ми изгледаше како најпримерна бројка.“

14. „Единствено што паметам се момците со микро пенис. Мислам дека понатамошните коментари не се потребни.“

15. „Се имам во глава и тоа ме потсетува да не ги правам грешките од минатото. Моментално сум до бројот 15.“

Девојки, што мислите на оваа тема?

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg