Денот ми започна со оргазам, еве што се случи понатаму
Се разбудив уморна, ми се спиеше уште, но сепак беше викенд, времето беше убаво иако не можев да го видам убаво сонцето под ролетните.
На почетокот на неделата си ветив себеси дека ќе се будам рано за викенд и ќе ги завршувам обврските за кои немав време во текот на неделата.
Исто така си ветив дека ќе започнам со вежбање во домашни услови, сепак доаѓа лето, а јас сакам да сум во топ форма.
Но, никако да се убедам да станам од кревет и да го започнам денот.
Некаде на Интернет претходно прочитав дека оргазмот го стимулирал телото и го активирал мозокот побрзо, па си реков да пробам да се расонам на тој начин.
После мастурбирањето навистина се чувствував поубаво, позадоволно, посекси. Освен тоа добив енергија за почеток на денот и извршување на сите предвидени обврски.
Полесно запомнував работи кои ми беа потребни да ги знам на работното место, а откако ја завршив работата решив да го исчистам станот, па да извежбам, едноставно имав енергија која сум сигурна дека беше резултат на утринското мастурбирање, односно утринскиот оргазам.
Денот на крај ми заврши со секс, а јас наредното утро се чувствував свежо и енергично, со елан за започнување на новиот ден.
Но, и покрај тоа, одлучив повторно да мастурбирам, мастурбирањето ми стана утрински ритуал кој ми дава енергија во текот на денот и го прави мојот сексуален живот поактивен.
Доколку и вие тешко се будите наутро и немате енергија за почеток на денот, започнете да мастурбирате наутро.
Оргазмот го активира побрзо мозокот, ви дава енергија, го подобрува помнењето и ве тера да имате повеќе секс.
Не бадијала се вели дека утринскиот оргазам е најдобар, а време е вие да се уверите во истото како што се уверив јас.