20 љубовни гестови кои без зборови кажуваат „Те сакам“
Во долга врска луѓето понекогаш знаат премногу да се опуштат и забораваат колку е важно да се каже „Те сакам“ . Не чекајте и уште денес покажете му на партнерот што чувствувате за него.
Дознајте 20 нови начини како да изјавите љубов без притоа има потреба да кажете збор.
1. Направете сами рамка за слика со натпис „Те сакам бидејќи...“
Се што е потребно е да напишете „Те сакам бидејќи...“ и тоа да го врамите. Потоа, со молив или фломастер оставајте си еден на друг кратки пораки на љубов и благодарност. Наоѓањето на овие белешки постојано ќе ве потсетува колку се сакате.
2. Направете посебна вечера само за вас двајца
Не залудно старите рекле дека патот до срцето води преку стомакот.
3. Цвеќето секогаш е добра идеја
Убавиот шарен букет на најубав начин ќе покаже колку сте мислеле на саканата личност.
4. Повторно посетете некое посебно место
Како што минуваат годините, магичните мигови лесно може да паднат во заборав. Не дозволувајте тоа да ви се случи и на вас! Одвојте малку време и посетете ги заедно местата кои за вас имаат посебно значење.
5. Порака во шише
Оваа романтична традиција навистина има моќ да направи партнерот да се чувствува посебно и сакано. Во шише ставете 101 љубовна порака кои ќе го разнежнат саканиот .
6. Слушајте го партнерот кога зборува
Место да читате литература за тоа како да ја подобрите врската, пробајте да го „читате“ партнерот. Слушајте го што ви кажува.
7. Направете колаж од вашата љубов
Колажот во форма на срце ќе биде вечен потсетник на сите неверојатни спомени кои ги делите.
8. Масажа на стопала
Кога самите ќе преземете некоја иницијатива, така ја покажувате длабочината на вашата љубов.
9. Појадок во кревет
Нека ви почне убаво денот. Изненадете го партнерот со романтичен појадок кој ќе му го послужите во кревет.
10. Смејте се на неговите шеги
Дури и кога не се толку смешни или веќе сте ги слушнале сто пати.
11. Оставете му љубовна порака закачена за огледало
Кој не би се почувствувал сакано во таква ситуација?
12. Подарете му нешто благо
Ова е симпатичен начин саканата личност да се чувствува посебно и ценето.
13. Играјте се со стопалата
Без разлика дали сте на почеток на врската или сте искусен пар, подигрувањето со стопалата е директен начин да го потсетите партнерот колку го сакате.
14. Заедничко бањање
Мазењето во топла купка е прекрасен начин да му кажете „Те сакам“ без притоа да има потреба да користите зборови.
15. Дајте му комплименти
Секој сака да добива комплименти а токму ова луѓето кои се во долги врски забораваат да го прават. Влегуваат во рутина и толку се опуштаат што повеќе не го ни забележуваат тоа што на почетокот ги воодушевувало. Затоа повремено пофалете го партнерот, дајте му до знаење дека убаво готви или дека е одличен во кревет.
16. Посветете му внимание
Кога едниот од партнерите постојано „виси“ на мобилен телефон, другиот лесно може да се почувствува запоставен. Ваквото однесување може да се протолкува како знак на непочитување и затоа посветете му доволно внимание на партнерот.
17. Направете креативен фото-колаж
Самиот вложен труд кажува „Те сакам“. Вашите заеднички слики се многу убав подарок кој сигурно ќе го воодушеви.
18. Заблагодарете му се за малите работи
Без разлика дали станува збор за миење садови, поминување со правосмукалка или фрлање ѓубре, пофалете го кога самиот ќе се сети да ви помогне со обврските околу домот.
19. Земете шпил карти и напишете љубовни пораки на секоја од нив
Кој вели дека подароците мора да бидат скапи за да бидат ефективни?
20. Неочекувано пуштете ја неговата омилена песна
Музиката ќе ви го разубави денот и ќе ве натера да танцувате.