Сите љубовни правила
За секого постои сродна душа. После определен период треба да се премине на следно ниво во врската или слично, се само еден мал дел од љубовните...
...правила кои ни се препорачуваат за успешна врска.
Вистината е дека правила не постојат, она што за еден пар одлично функционира за некој друг може да не вреди ништо.
Една од најголемите љубовни заблуди е дека постои само еден вистински партнер за секого. Па светот е преполн со луѓе во кои можете во секој момент да се заљубите и со кои можете среќно да живеете.
Слична заблуда е и онаа која тврди дека двајцата партнери мора да делат исти интереси. Ако немате ист вкус за музика, книги и уметност не значи дека не можете да имате одличен љубовен однос.
Таквите разлика напротив може да делуваат интересни, да ве надополнат и уште повече да Ве зближат со партнерот/ката. Еве уште неколку таканаречени правила, кој всушност се големи љубовни заблуди.
Кратка врска, неуспешен брак
Понекогаш кратките врски можат набрзина да резултираат со веридба и брак. Во тој случај може да се каже дека партнерите не се познаваат доволно, но тоа не мора да значи дека бракот ќе биде неуспешен. Напротив некои од таквите бракови траат цел живот, а партнерите велат дека „едноставно знаеле“.
Ако ја прекинале врската еднаш, пак ќе ја прекинат
Не се сите прекинувања исти, а не се ни сите парови исти. Понекогаш ако на врската и дадете нова шанса, тоа може да резултира со значително подобар однос и посреќни денови за двајцата партнери.
Врската после врска не успева
Понекогаш врската во која ќе влезете веднаш откако сте ја прекинале претходната може да биде навистина успешна, можете вистински да се вљубите и да бидете посреќни од било кога.
Жените во 30-тите само сакаат брак
Жените го бараат вистинскиот сопруг, а не некој кој сака да биде сопруг.
Тој ќе се промени заради мене
Жените често мислат дека ќе успеат да го променат својот партнер со време, но вистината е дека тој не се менува. Ако ви се допаѓа таков каков што е, прифатете го, ако не, побарајте некој друг.
На Интернет може да најдам само некој луд
Интернетот го користат најразлични луѓе и не се сите луди, па тргнете само од себе. Но тоа не значи дека не треба да бидете внимателни.