Остани со момчето кое не планира иднина со тебе
Секоја девојка фантазира за иднина со момчето со кое е моментално во врска, тоа е како еден ген кај женската популација кој никако да се уништи.
Поради тоа девојките често завршуваат со скршено срце кога врската ќе им заврши, додека момците полесно преболуваат, бидејќи не планирале.
Не дека не постојат исклучоци односно момчиња кои планираат, но истите најчесто завршуваат слично на повредените девојки, со непланирано кршење на нивното срце и соништа.
Ретки се оние парови кои планираат заедничка иднина и се стремат истата да ја изградат, но сигурно дека не се ретки оние парови кои не планираат ништо во иднина и остануваат заедно во неа.
Тоа е како непишано правило за планирањето во љубовта, бидејќи не секогаш сè оди по план, а најмалку љубовта.
Затоа девојки, престанете да се нервирате дека љубовта не ви оди по планот. Престанете да го прашувате партнерот како ве гледа во иднина, дали како идна сопруга или како идна бивша...
Доколку го прашувате, голема е веројатноста да се случи ова второто.
Опуштете се и не мислете многу за иднината исто како и вашето момче, верувајте иднината сама ќе дојде кај вас, а ќе ја пречекате заедно само ако не се преокупирате со нејзиното доаѓање.
Останете со оние момчиња кои не планираат иднина со вас, бидејќи тие се оние кои знаат дека животот не е за планирање, тој е за живеење.
Момчето кое не планира иднина со тебе, ќе се обиде да ти го разубави секој ден не знаејќи дали утре ќе ја има истата прилика.
Тој секогаш ќе се плаши да не те изгуби, но никогаш нема да ти признае, наместо тоа ќе се обиде да те освојува секој ден одново и одново, како да не си негова.
Остани со момчето кое не планира иднина со тебе, бидејќи тој ќе те научи како да љубиш сега и веднаш, едноставно ќе те научи како да го живееш моментот, а не да ја очекуваш иднината!