Грешки ја уништуваат врската
Врската која започнала изненадувачки убаво и нежно, сепак не траела. Се чувствувате тажно и бедно додека ги гушкате перниците и размислувате...
...каде згрешивте. Кога ќе ве обземе тага поради прекинувањето на врската, соберете се и научете кои грешки повеќе не треба да ги повторувате.
Време е да научите кои се грешките кои водат до уништување на врската.
1. Преправањето дека сè е во ред, а не е
Ја знаете онаа ситуација кога сте лути и повредени, а тој/таа ве прашува што ви е. Вие само тивко одговарате – ништо, се е во ред.
Очекувата да ви ги чита мислите. “Ако нешто не е во ред, морате тоа да им го кажете јасно и гласно” советува психологот Sabrina Dotto Billo.
2. Критикување
Никој не сака критика, особено ако тоа е нешто што се повторува секој ден. “Повеќе од било што ги мотивира луѓето од пофалата и признанието.
Подобро да го пофалите партнерот кога ќе направи нешто добро, отколку постојано да критикувате кога ќе направи нешто што вам не ви се допаѓа.
“Критиката не дава плодови” додава психологот Karen Campbell.
3. Нејасна комуникација
Многу жени очекуваат партнерот да ги погодува нивните желби и потреби. “Комуникацијата во врската е најважна работа.
Јасниот и отворен разговор е нужен за партнерите да дознаат што сакаат, каде настанале проблемите и како да ги решат. Отворените разговори поврзуваат и создаваат поголема блискост.
“Секогаш ќе има проблеми, нив најдобро ќе ги решите со разговор” истакнува Campbell.
4. Споделување на интимата
Иако сте во врска, вие сепак сте две личности и секој треба да ја задржи својата приватност до некоја прифатлива мера. Не морате да му ги откривате сите детали од своите поранешни врски на партнерот.
Тоа не се информации кои ќе и помогнат во развојот на вашата врска. Напротив, можат само да ја разнишаат.
5. Запоставување
Мажите сакаат кога жените се внимателни кон нив, па затоа немојте да ги запоставувате. “Тие очекуваат од жените да им помогнат за да се чувствуваат посебно.
Направете им го омиленото јадење, направете го десертот кој го обожаваат, грижете се за нив кога ќе бидат болни” советува психологот.
6. Единствена одговорна за врската
Жената не е единствено одговорна за врската и односот. “Тоа е погрешен став кон кој се склони многу жени.
Врската е заедница на двајца луѓе, така што секоја личност има свој удел во одговорноста и за успесите и за неуспесите. Значи, двајцата се во игра” истакнува психологот Thays Araújo.
7. Искористување на неговите слабости
“Квалитетите на мажот треба да ги поттикнувате, но за неговите слабости треба да имате разбирање и почит. Бидете човек и помогнете му кога е во проблеми. Ако нешто ви признае, на пример за некој проблем на работа, тоа е затоа што ви верува. Немојте подоцна тоа да му го качите на глава, затоа што никогаш повеќе нема да ви верува” заклучува психологот Sabrina Dotto Billo.