20 знаци дека сте подготвени за брак

После неколку годишната врска, секој човек си ги поставува прашањата - Кога е вистинското време за брак? Дали и колку сум подготвен/а?

20-znaci-deka-ste-podgotveni-za-brak-01.jpg

Постојат барем 20 знаци според кои може да процените дека сте подготвени за вакво врзување.

Ако се пронајдете во повеќе од половина, не се плашете да го преземете првиот чекор или барем да ја спомнете оваа тема на партнерот/партнерката.

1. Се чувствувате добро како индивидуа и знаете како да бидете расположени и кога сте сами.

2. Ги слушате „достигнувањата“ на вашите сингл пријатели кои секој ден имаат нова љубовна авантура и не чувствувате дека нешто пропуштате.

3. Точно знаете што барате во партнерот кој еден ден сакате да ви биде сопруг.

4. Освен него/неа, имате и други важни личности во животот.

5. Разбирате дека веќе никогаш нема светот да се врти околу вас и се да биде по ваше и тоа е сосема во ред.

6. Започнувате да ги забележувате вереничките прстени на другите луѓе многу почесто.

7. Кога си ја замислувате иднината, вашиот партнер секако е вклучен во плановите.

8. Отворено зборувате за пари и финансиската состојба во која сте, иако не ги делите финансиите.

9. Многу пати до сега сте разговарале за брак, семејство и сите обврски кои следуваат.

10. Чувствувате само позитивни емоции кога другиот ќе успее во нешто, без завист.

20-znaci-deka-ste-podgotveni-za-brak-02.jpg

11. Ги споделувате несигурностите и сомнежите без да се плашите дека тој/таа ќе ја искористи ранливоста.

12. Тој/таа е вашиот повик кога работите стануваат итни и комплицирани.

13. Но, тој/таа е и вашиот прв повик кога убавите работи ќе дојдат на ред.

14. Немате апсолутно никаква желба да се вратите во некоја претходна врска, ниту пак  да започнете нова.

15. Не ги повторувате кавгите кои се случиле на почетокот од врската или пред неколку години.

16. Никогаш не се плашите или двоумите дали прави нешто „недозволено“ кога не е до вас.

17. Имате желба да живеете заедно.

18. Сте разговарале за тоа колку деца сакате да имате и како сакате да ги израснете.

19. Во ниту еден момент не се прашувате како тој/таа се чувствува, дали ве сака, дали би ве изневерил/a...

20. Дури и да не можете да ја имате венчавката од соништата, сепак би се омажиле/ожениле со него/неа во поскромна варијанта.

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg