5 работи кои ниедна жена не смее да ги направи за маж
Жените често знаат толку многу да се заљубат во некој маж, што се подготвени и светот да го превртат и да направат сè само за да го задржат.
Сепак, доколку некоја жена сака да го задржи своето достоинство и стил на дама, има 5 работи кои никогаш не смее да ги направи за ниеден маж, колку и да го сака.
Да го промени изгледот
Едно е кога се менува на подобро затоа што самата така сака, а сосема друго и забрането е да се менува како што тој сака иако таа не се препознава во она што го гледа. Најлошото нешто што може да си го направите е да се изгубите самите себе.
Да ги остави своите соништа на чекање
Партнерот треба да биде оној кој ќе ве поддржува во тоа што го сакате и тоа што го правите. Никако не смее ниедна жена да ги одложува своите соништа само затоа што не му се допаѓаат на мажот или затоа што тој смета дека неговите се приоритетни.
Да стане љубоморна
Во здравата врска каде има доверба меѓу партнерите, нема потреба од љубомора. Доколку партнерот не знае да ве убеди и задржи или доколку намерно ви предизвикува љубоморни сцени, тогаш не ви е потребен.
Да ги потиснува своите ставови
Секој човек има право на свое мислење и свој став, па така и жената. Никоја не смее да си дозволи да ги потиснува своите ставови и размислувања, само за мажот да биде среќен дека е во право. Борете се за она што е ваше и не потклекнувајте пред заканите. Подобро е да ги прифатите разликите, отколку да се негирате себе.
Да престане да излегува
Секој има право на сопствен приватен живот и моментот кога имате момче или сопруг не значи дека треба да ги прекинете сите врски со останатите пријатели. Мора да најдете време за себе и своето друштво и да научите да уживате во моментите без омилениот маж.