6 важни разлики помеѓу зрелата и незрела врска: Во каква сте вие?
Во зрелите врски не постои драма, затоа што таа е за деца кои веруваат дека љубовта мора да биде дива и опсесивна. Партнерите во зрели врски имаат сопствен и сигурен идентитет и знаат колку вредат, додека незрелите тежнеат да се докажат и да направат целина во комбинација со друга личност. Каде се препознавате вие?
Иако сите тежнееме кон здравиот и зрел однос, често пати тој е неизводлив.
За да откриете дали треба да поработите на незрелата врска или да ја сочувате зрелата во која моментално сте, мора најпрво да ги откриете 6-те клучни разлики.
1. Незрелите врски отвораат прашања, зрелите одговараат на нив
Незрелите партнери се полни со сомнежи. Дали ме сака? Дали ме изневерува? Колку долго ќе издржиме заедно?
Во зрелите врски не се прашува. Паровите кои се наоѓаат во ваков тип на однос не бараат постојана потврда од партнерот. Тие се ослободени од сомнежите и немаат потреба од ситни одговори кога она главното им е веќе одговорено.
2. Во незрелата врска постојано чекате нешто, зрелата врска ви го дава она што ви треба
Во незрелите врски постои некоја необјаснета празнина. Таа ве јаде однатре кога одите на спиење или ќе се одвоите на неколку часа. Грижата постои дури и кога сте заедно помеѓу луѓе и на неа заборавате само кога имате секс или разговарате.
Од друга страна, зрелите врски немаат празнини, тука не постојат пукнатини. Тие се пополнети со љубов.
3. Незрелите партнери се обидуваат да се надополнат за да бидат комплетни. Зрелите партнери се комплетни сами по себе
Незрелите врски се формираат од двајца неоформени партнери. Тоа се две половини кои се обидуваат да направат една целина. Тие се борат за да доминираат и често пати се натпреваруваат.
Зрелите врски не се составени од две половини, туку од две целини. Партнерите во нив ги следат своите страсти, интереси и се трудат да бидат што подобри како луѓе.
4. Партнерите во нездрави односи сè решаваат преку пораки. Партнерите во зрели врски го прават тоа во 4 очи
Расправиите и препреките се составен дел од животот, но пораките не се. Зрелите парови не поминуваат денови провоцирајќи се преку телефон. Кога имаат нешто да решат - тоа го прават лице во лице, затоа што знаат дека искажаните зборови го немаат истото значење со емотиконите.
За разлика од нив, незрелите го прават токму тоа - со часови си пишуваат пораки со скриено значење.
5. Незрелите врски останатите луѓе ги гледаат како закана, а зрелите како добро друштво
Секогаш ќе постојат други луѓе во животот освен партнерот, но само партнерите во зрели односи не се чувствуваат загрозени од странците и бившите партнери. Тие се самоуверени и веруваат во љубовта која ја негуваат со партнерот.
Паровите во незрели врски пак, пронаоѓаат опасност во сè. Тие често се наоѓаат во заблуда и параноја затоа што нивната љубов е површна.
6. Партнерите во незрели врски го осудуваат туѓото минато, додека оние другите му помагаат на партнерот да се избори со него
Сите имаме минато, и во повеќето случаи не сме горди на него. Но, не можеме да влијаеме на она што се случувало пред да бидеме со партнерот со кој сме сега. Она што е важно е како сега се однесувате.
Незрелите парови не сакаат да видат подалеку од минатото, додека партнерите во зрели врски си помагаат меѓусебно за да го залечат минатото. Тие не се сконцентрирани на грешките од минатото, туку на плановите за иднината.