6 работи кои само девојките со крупни дечковци ќе ги разберат
Љубовта доаѓа во различни форми, во тоа е и убавината на животот. Никогаш не може да знаеме кој ќе биде совршениот партнер за нас.
Еве што имаат да кажат жените за врската со партнер кој повеќе сака вечерите да ги поминува релаксиран на кауч, отколку испотен во теретана.
1. Буквално живеете за неговата мечешка прегратка. Кога ќе ве гушне, без разлика колку и самата сте висока, се чувствувате како Палешка во неговите раце.
2. Бесрамно може да го користите како човечко ќумбе во зима. Гушкањето со крупен дечко е исто како да се покриеш со најудобното ќебенце.
3. Помирени сте со фактот дека никогаш нема да изгледате секси кога ќе ја облечете неговата облека. Џемперот кој на него му стои толку привлечно вам ви е до коленици.
4. Ви ласка сознанието дека ќе го смачка секој кој ќе ви осмели да ви направи нешто лошо (иако знаете дека не може ни мравка да згази).
5. Секогаш има вкусна храна дома и ги знае сите најдобри места за јадење во градот. Исто така, нема јадење кое е поубаво од тоа кое тој ќе го подготви само за вас, па макар станувало збор и за најобични пржени јајца.
6. Тој е вашата најсакана перница. Доволно е да ја потпрете глава врз неговите широки гради и сите проблеми исчезнуваат.