Љубовта е дрога: 5 начини на кои се менуваме кога сме вљубени
Кога сме вљубени помалку сме подложни на стрес, потолерантни сме, живееме подолго а сега и науката потврди дека љубовта на нас ни делува како дрога, со таа разлика што зависноста од љубов е многу поздрава.
Кога сме вљубени во нашиот мозок се активираат истите процеси кои се активираат и при консумирањето дрога - од чувството на еуфорија до чувството на зависност и потребата за повторна консумација.
Еве како точно се менуваме кога сме вљубени:
Живееме подолго
Можеби звучи смешно но науката цврсто стои зад овој став - кога сме вљубени се зголемува нивото на допамин кој е одговорен за чувството на задоволство и еуфорија. Луѓето во позитивни и среќни врски живеат подолго бидејќи се поотпорни на стрес.
Поздрави сме
Стресот помалку ни влијае бидејќи љубовта е прва на списокот на нашите приоритети.
„Јас“ станува „ние“
Можеби не веднаш на почетокот на врската но со време почнуваме да размислуваме во пар - сите планови за една личност стануваат планови за две личности.
Имаме повеќе разбирање
Добрата врска значи и повеќе компромиси и толеранција и тоа не само во врска со партнерот, туку и со останатите сегменти од животот.
Се чувствуваме посигурно
Сознанието дека постои некој кој безусловно не сака и не прифаќа такви какви сме е прекрасно чувство. И ужасниот ден може да се претвори во преубав ако саканата личност ни понуди утеха и всушност заљубените на тој начин го намалуваат насобраниот стрес.