Што открива вашата омилена секс поза?
Иако не сте свесни, сексуалните пози кои ги одбирате се одраз на вашето расположение и карактер.
Зависно од тоа дали сте срамежливи, енергични, самоуверени или мрзеливи, еве каква секс поза ќе одберете:
1. Мисионерска поза
Ако оваа поза ви е најдрага, значи дека барате интимност. Иако важи за една од најдосадните пози, предноста е што може да се бакнувате и да воспоставите поголема близина.
Секс терапевтот Ава Кадел предупредува дека мажите кои ја бираат оваа поза се несигурни во своите способности, па се надеваaт дека ако партнерката ја гледаат во лицето ќе откријат дали ужива или не.
Од друга страна пак, жените кои ја одбираат оваа поза се резервирани, повлечени и срамежливи, судејќи по нивната пасивност во целата акција.
2. Каубојка
Мажот кој сака жената да е над него, всушност е несебичен господин кој се грижи за потребите на партнерката.
Оваа положба му овозможува на мажот истовремено да биде доминантен и потчинет. Може да ѝ дозволи на жената да ја има контролата, додека истовремено ѝ овозможува длабока пенетрација.
Што значи, ако ја преферира оваа поза, партнерот или сака да ви овозможи незаборавен оргазам или е мрзелив.
Жените ја обожаваат каубојката затоа што ги имаат конците во раце, а и уживаат додека мажот со страст гледа во нивното тело.
3. Обратна каубојка
Оваа поза ја бираат бестрашните и енергични жени. Обратната каубојка им овозможува контрола над длабочината и брзината, а на момците одличен поглед.
Ако мажот ја побара оваа поза, веројатно сака да го меморира телото за да има за што да размислува кога ќе биде осамен.
4. Кучешка поза
Ако сте расположени за кучешката поза, се чувствувате диво, па романтичните глупости не доаѓаат предвид. Оваа секс поза е најмалку интимна, но има друга предност - стимулација на женската Г-точка.
За кучешката поза се одлучуваат паровите кои за момент сакаат да се оттргнат од емоциите и да уживаат во физичкото задоволство. Нема ништо лошо во тоа повремено да го задоволите ѕверот во вас.
5. Лажичка
Во оваа поза ќе уживате само кога се чувствувате нежно и приврзано. Паровите кои не ја практикуваат лажичката како поза, веројатно ги заладиле односите, тврдат сексолозите.
6. Стоечка поза
Ако оваа поза ве привлекува, значи дека сте егзибиционисти. Самата помисла дека имате секс надвор од креветот ве возбудува.
И мажите и жените кои ја практикуваат, уживаат во можноста целосно да ги откријат телата, но и во можноста некој да ги фати на дело.