Секси заповеди за незаборавна акција во кревет
Доколку се чувствувате како да ве зафатила монотонија кога е во прашање сексуалниот живот, не грижете се бидејќи овие работи можат да ја поправат состојбата во креветот...
Уживајте во незаборавна акција и разгорете ги страстите:
1. Засакајте го своето тело
Од својата кожа не можете да избегате, па затоа најдобро е да се прифатите такви какви што сте. Доколку не споменете дека имате вишок килограми, верувајте вашиот партнер нема да забележи.
2. Натерајте го да чека
Колку повеќе чека, толку повеќе ќе ве посакува.
3. Дозволете му да гледа
Мажите се возбудуваат од погледот на женското тело. Затоа искористете го сето она што го поседувате и направете претстава само за него.
4. Посветете му внимание
Баш како и жените и мажите имаат повеќе од само една ерогена зона. Изненадете го и излудете го.
5. Изразете ги своите желби и потреби
Дајте му точни упатства, без да се срамите.
6. Охрабрете го
Уверете го дека токму е тој е тој што знае и може да направи сѐ што ќе посакате. Помислата дека не може да ве задоволи може да го обесхрабри и уплаши, затоа не дозволувајте го тоа.
7. Направете го првиот чекор
Мажите често се жалат дека секогаш тие го прават првиот чекор. Затоа изненадете го партнерот и ќе добиете беспрекорно уживање.