Страшна исповед: Ноќта кога мојата девојка заборави кој сум
Во моментот кога ја доживеав страшната сцена веќе бевме во врска осум месеци. Уште од почетокот таа беше отворена кон мене за сè, освен за едно нешто.
Причината не беше за тоа како ќе реагирам јас на сето тоа, туку колку може да ми верува за да ми ја открие својата најголема тајна.
За нејзиниот проблем знаеја само најблиските и оние кои се покрај неа цел живот. Сепак, како што стануваше врската посериозна, сфати дека може да ми верува и дека мора да ми каже за да ме подготви.
На кратко ми објасни дека понекогаш ѝ се случува таква состојба на умот во која заборава сè околу неа, не препознава никој и ништо. Најлошото што можам да го доживеам е да не ме препознава, но побара да ѝ ветам дека ќе издржам и ќе останам покрај неа. Без размислување се согласив.
Откако тоа ми го кажа поминаа 4 месеци, после кои дојде и моментот да го доживеам сето тоа реално.
Бевме кај наши пријатели и гледавме филм, кога забележав дека почнува забрзано да дише, ја масирав на вратот за да се опушти, но таа само ми шепна дека мора да си одиме.
Се извинивме и излеговме, во истиот момент сè почна да се одвива забрзано. Таа почна да бега од мене, да се крие, да се плаши. Се обидував да ја прегрнам, да ја разубедам, но таа даваше отпор. Реагираше исто како што реално би реагирала која било девојка која се наоѓа на непознато место со непознат маж кој се обидува да ја фати за рака или да ја прегрне.
Се закануваше дека ќе вриска. Се обидов да се контролирам и да не ѝ се наметнувам. Ја прашав само дали го познава Џорџ од именикот во телефонот? Тој е инаку нејзино поранешно, момче, најдобар пријател и доктор, кој е добро упатен во сè и единствен што често бил покрај неа во такви ситуации, па само на него се сеќава.
Ја замолив да му се јави и да му каже што ѝ се случува. Тој ѝ кажа дека може да се смири и да ми верува. Дури тогаш се согласи да ме фати за рака и да дојде со мене.
Ја однесов дома, легнавме во дневната и пуштивме телевизија. По некое време забележав дека се опушта и се насмевнува бидејќи го препознава нејзиниот омилен лик. Знаев дека се врати.
Тогаш ја прашав дали ме препознава? Рече: Секако дека те знам, те сакам.
Тоа ми беше повеќе од доволно и ми значеше многу. По некое време заспавме, а утрото кога се разбудивме веќе на ништо не се сеќаваше, ниту сакаше да ја потсетувам.
Ако досега не сте биле сведок на ваква ситуација, а сте слушнале за психичкото нарушување на личноста, односно познато како синдром на повеќекратна личност, сигурно сте забележале дека ваквите луѓе се претставени како опасни за околината.
Всушност, тие се оние кои се ранливи и чувствуваат опасност. Затоа, сè што треба да направите е само да бидете покрај нив, без да ги осудувате и без да им се наметнувате.