Машка лекција: Како ги уништив двете најдобри врски во мојот живот?
Џош Гонделмен е писател и комичар, кој одлучил од своето лично искуство да објасни зошто големите романтични гестови од страна на мажите, понекогаш не се добри, туку може да бидат и најлошото нешто во врската.
На факултет се забавувал со прекрасна девојка со која претходно се познавале и се дружеле извесно време.
Врската ја почнале пред летниот распуст, кога двајцата се вратиле во своите градови. Но, тој одлучил да не дозволи далечината да ги раздели, па почнал постојано да ѝ пишува писма и да ѝ испраќа цели пакети со подароци.
Сакал да ѝ докаже дека е забавен, возбудлив и дека целосно ѝ е посветен и верен.
Но, наместо овие квалитети, девојката видела само едно очајно дете со многу потреби. Преку телефон неколку пати му кажала дека нема потреба да ѝ испраќа толку подароци, но тој не го правел тоа од потреба, туку од желба.
„Да го видеше доброто момче кое ја сака, би ѝ испратил и двојно повеќе. Но, таа ми раскина штом се видовме“, се присетува Џош.
Неколку години подоцна бил со друга девојка во сериозна врска, но по 18 месеци повторно сè почнало да се распаѓа. Таа сакала да раскине, но тој ја убедувал да отпатуваат во Сан Франциско, за повторно да се заљубат еден во друг и за добро да се забавуваат.
„Отидовме и воопшто не беше забавно. Раскинавме последната вечер во Сан Франциско“, раскажува тој и додава што научил од своите искуства:
„Големите романтични гестови се добри само кога сте во добра и стабилна врска. Ако имате цврста основа, сè ќе биде во ред. Но, во спротивно, секое дело, дури и она со најдобра намера создава притисок кој вашата втора половина може да не може да го поднесе“.
„Мора да си поставите едно прашање: Дали ве нервира тоа што го прави вашиот партнер или самиот тој? - Ако е второто, тогаш не постои подарок или изненадување што ќе ве одведе до неговото срце“.