20 нешта кои може да ги правите само со личноста во која сте вљубени
Во една врска со текот на времето и двајцата партнери знаат да се опуштат малку повеќе и да се почувствуваат толку блиски што се однесуваат како да се сами и никој да не ги гледа.
Но, само со некој кој е премногу вљубен во вас или вие во некого може да си допуштите секакви глупости без да си замерите и дури да ви биде забавно.
Некои работи, навистина може да ги правите само со партнерот. Затоа таа врска е посебна и поразлична од која било друга.
1. Играте откачено, имитирајќи некои чудни танци, без да ви е грижа како изгледате.
2. Кога сте болни си дозволувате насекаде да оставате палома марамчиња, тој ги собира по вас без да се згрозува. Едноставно сочувствува и ве разбира.
3. Плачете после лош ден, голем притисок или страв. Немате проблем да експлодирате пред партнерот. Тој е доволно да ве ислуша и прегрне. Може и вие не знаете зошто плачете, но тој ве разбира.
4. Може да си го прегледувате лицето и телото пред огледало, да си барате брчки, дамки, акни. Правите разни фаци се смеете или вежбате пози за фотографирање. Сето тоа пред партнерот и немате проблем со тоа.
5. Се качувате на вага пред него. Она што е најважно, му дозволувате да го види резултатот. Ете тоа е љубов.
6. Зборувате за едно нешто, па прелетувате на друго и ви текнува за што зборувавте па се враќате на почетокот.
7. Се смеете толку многу и толку долго, што веќе ви течат солзи и ви потекуваат мрсули, па почнувате уште похистерично да се смеете.
8. Облекувате некоја смешна маица на семејна вечера, само затоа што ви ја подарила неговата баба и за да ја направите среќна кога ќе ве види.
9. Слободно се депилирате пред него. Додека разговарате вие си ги кубете веѓите, се мачкате со крема за депилација, ги влечете лентите со восок, а нему тоа му е сосема нормално.
10. Си правите најразлични селфи пози, стопати се пресликувате, го прашувате за мислење или да избере која фотографија му е поубава иако разликата е минимална, со помало или поголемо накривување на главата. Сепак тој не полудува поради тоа и ги разгледува сите фотографии.
11. Вежбате и се потите пред него. Имале огромни дамки пот на маицата, но не се срамите од тоа.
12. Ништо страшно ако се препознаете и му кренете рака за поздрав на некој што мавта кон друг позади вас. Партнерот нема љубоморни испади.
13. Во момент на нервоза додека се брзате, а барате нешто важно како клучеви, лична карта или мобилен, викате и пцуете со сите зборови што некогаш сте ги слушнале. Буквално како кочијаш и немате проблем со тоа пред него.
14. Пеете на цел глас и имитирате сценски настап со сите гестикулации како никој да не ве гледа. Сето тоа го изведувате толку драматично и сериозно, а тој ужива и умира од смеење.
15. Јадете сендвичи како да не сте виделе јадење или како да сте ги заборавиле сите добри манири. Ви паѓаат компирчиња од страна, ви растекува кечапот и мајонезот, размачкани сте на носот и образите, но нему му изгледате слатко.
16. Не обрнувате внимание и после утринскиот секс, додека раскажувате за некоја случка на работа, голи се шетате и ја расчистувате собата. Воопшто не изгледате секси и романтично, но тој не може да ви се изнагледа.
17. Ја оставате отворена вратата од тоалетот додека вршите нужда затоа што жестоко разговарате или се договарате за некои планови, па да не се прекинувате.
18. Тука сте еден за друг кога ќе изгубите работа, пријател, пари. Ако не успеете во нешто или ако едноставно ви треба поддршка, колку и нештото да е едноставно или неважно за другиот.
19. Пред него може да бидете во секаква состојба и здрави и болни и пијани и трезни, тој пак ќе ве сака и вие тоа го знаете.
20. Може да бидете тоа што сте, без разлика кои ви се мааните и доблестите.