8 показатели дека сте заљубени во квалитетна жена
Жените се превртливи, чудни, љубоморни, напорни, тврдоглави... Но, сепак се заљубувате во нивните маани.
Како да откриете дали е таа вистинската, и покрај сите несовршености?
1. Не ве прави љубоморен
Нема потреба да ве прави љубоморен затоа што е свесна колку вреди, како и дека вие знаете да го препознаете тоа.
2. Независна е
Таа има дел од животот кој потполно не зависи од вас, а тоа е кариерата, пријателите и по некое хоби. Тоа не значи дека нешто крие, туку сака да остане независна барем во некој сегмент.
3. Ве бодри
Таа е ваша навивачка, а не тренер. Ве поттикнува да ги исполнувате своите цели, а не да ви соли памет околу нив.
4. Не се срами од секс
Таа не е срамежливка во кревет, а кога нешто не сака да прави или не ѝ одговара, знае да каже. Сексот со неа е многу повеќе од физички контакт.
5. Има свое мислење
Таа знае што сака во животот и тоа нема да се промени зависно од вашите цели и ставови, колку и да ве сака.
6. Се грижи за себе
Нивото на самодоверба ѝ е високо баш поради тоа што е постојано средена. Плус, освен физичката грижа, се труди да напредува и во секој друг аспект.
7. Пристојна е
Со неа не мора да размислувате како ќе се однесувате кога ќе ја однесете на ручек кај родителите или на забава кај пријателот. Таа знае да се однесува пристојно и да се прилагоди на ситуацијата .
8. Го нема комплексот дека е принцеза
Бара да ја третирате со почит, но не затоа што е принцеза и жена, туку затоа што е свесна за квалитетите.