Мажите бараат фатални жени кои ги имаат овие 4 карактеристики
Успешните мажи секогаш се попривлечни од оние кои можете да ги најдете во речиси секое кафуле или спортска обложувалница. На големо и пријатно изненадување, и мажите бараат исти такви жени - успешни и помалку достапни.
Според нив, фаталната жена би требало да ги има овие 4 карактеристики:
1. Да има свој живот
Пријателки, колеги од работа, хоби... Интересната жена не очекува дека момчето треба да и ја исполни секоја минута во денот.
2. Да има пополнет распоред
Не го чека повикот од момчето, туку се занимава со своите планови. Момците секогаш сакаат да имаат девојка околу која треба да се потрудат, а не девојка која мирно ќе ги чека дома.
3. Да има мислење
Некои жени знаат само да климаат со главата на секој збор, затоа што се плашат дека момчето или мажот ќе ги остави. Ова е потполно погрешно, затоа што ретко кој маж ги почитува тие жени.
4. Не е секогаш достапна
Жената која понекогаш не се јавува затоа што е преокупирана со обврски е секогаш поинтересна од онаа која се јавува штом телефонот заѕвони. Секако, без многу претерување и игнорирање.