Љубовна исповед: Што научив од врската со помладо момче?

Пред месец дена престанав да се гледам со момчето кое имаше 23 години. Немав никакви очекувања со оглед на неговите години.

ljubovna-ispoved-sto-nauciv-od-vrskata-so-pomlado-momce-01.jpg

Колку да се разбереме, и двајцата бевме свесни за разликата кога влеговме во врска. Она што најмногу ме изненади е како ова краткотрајно искуство ме промени. Всушност, добив целосно поинаков поглед кон љубовните врски.

Еве што точно научив:

1. Животот продолжува и по раскинувањето

Двајцата отворено зборувавме за тоа дека нашата врска нема некоја голема иднина, затоа што во одреден момент ќе бидеме на различни бранови должини. Без оглед на тоа, започнавме. И не само што бев пресреќна, туку ова беше една од моите постабилни, поубави врски без многу стрес и драма.

Некои раскинувања се поболни од други, но кога сте постари и имате повеќе искуство сфаќате дека раскинувањата си доаѓаат со некоја одредена причина. Она што го научив од оваа кратка врска е дека поврзаноста со другата личност е секогаш највредна, без оглед на тоа колку трае.


2. Не размислувајте премногу

Една од главните причини зошто бев опуштена, лежи во фактот што мојата енергија не ја трошев на тоа дали е со друга и дали ќе ме остави. Признавам, како и секоја останата жена, штом работите станат посериозни дека сакам да вршам еден вид притисок. Но, кога нема притисок едноставно го ослободувате и го создавате оној простор во кој може да уживате и двајцата на најприроден можен начин.


3. Конечно може да бидете такви какви што сте

Ако не се грижите за раскинувањето, тогаш нема претворање во нешто што не сте. Не патев од никакви правила, го кажував она што го чувствував. Автентичната врска не можеш да ја изградиш ако се правиш дека си некој кој не си.


4. Некогаш навистина не е до вас

Ова е нешто со што се борев со години. Поминав долго време барајќи одговори за мажите кои ме оставија. Секогаш мислев дека не сум доволно добра. Врската со ова 23-годишно момче ми помогна да разберам дека навистина не е до мене. Понекогаш, луѓето се во различни животни фази и тука не можеме ништо.

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg